05 Декември, 2025
0.3560

Секој земјоделец ќе има свој советник

Објавено во: Агробизнис 31 Март, 2013 18:53

Добивај вести на Viber

Модернизација и реформи во  системот на давање советодавни услуги на земјоделците најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. - Секој земјоделец да има свој советник. Тоа  е нашата цел и ако  сакаме да имаме добар квалитет, поголем прионос како држава, тоа мора да го направиме,  изјави Коњановски по денешното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија. Идејата, појасни, е да се вклучат што е можно поголем број советници кои ќе бидат задолжени  да даваат советодавни услуги за добри земјоделски пракси на земјоделците. Советодавните услуги покрај Агенцијата ќе може да ги даваат и други лица.  Ќе се изготвува закон за давање советодавни услуги, а планот на ресорното Министерство тоа да биде ефективно веќе од следната година. - Во Македонија има повеќе од 700 агрономи и земјоделски  инженери кои завршиле на македонските универзитети, а некои и во странсто, а кои  се кадар кој мора да го вклучиме во давањето советодавни  услуги кон земјоделците. Во тој правец размилсуваме покрај државната агенција да вклучиме и голем број луѓе кои дополнително би ги обучиле во нашите универзитети за да бидат  подготвени во секој момент да дааваат вистински правилни информации на нашите земјоделци, појасни Коњановски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?