20 Декември, 2025
0.0493

Сексуалните работници излегоа на марш низ Скопје

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2013 19:50

Добивај вести на Viber

Поголем број сексуалните работници, ескорт дами , стриптизери, но и активисти за човекови права денеска маршираа  низ плоштадот Македонија, низ центарот на Скопје за да укажат на проблемите кои ги имаат и насилството со кое се соочуваат во текот на нивната работа. Велат дека условите во кои работат се ужасни, честопати се жртви на насилство, а се плашат да пријават бидејќи сексуалната работа во земјава е забранета.Од Иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, кои беа иницијаторите на протестот по повод меѓународниот ден за запирање на насилството врз сексуалните работници, велат дека мора да се заштити оваа ранлива група луѓе. „Македонија како земја има репресивни мерки кои што ги таргетираат сексуалните работници, таквите мерки дополнително ги отфрлуваат сексуалните работници на маргините на општеството кои што се изложени на тортура, дискриминација и стигма не само од страна на лоши клиенти и макроа туку и од државни институции, центри за социјални работи и здравствени институции“, рече Борче Божинов од граѓанската Иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје која е огранизатор на настанот. Сите присутни на протестот носеа црвените чадори, кои последнава деценија стануваат симбол на сексуалната работа.Македонија по шести пат го одбележува денот против насилството врз сексуалните работници. Во правните регулативи на земјава изведувањето на сексуална работа, односно “оддавање на проституција” е нарушување на јавниот ред и мир (член 27 од Законот за нарушување на јавниот ред и мир во Р.М.), додека некои други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување, заработување од обезбедување на сексуални услуги) се третираат и казнуваат како криминални прекршоци (член 191 од криминалниот законик на Р. М. 1996). „МВР не прави разлика меѓу проституција и “експлоатирање, употреба, искористување на проституција”, така што презема мерки за “елиминација на проституцијата” наместо за “елиминација на експлоатирање во проституцијата” и како последица на тоа презема драстични полициски мерки против жртвите на експлоатација наместо против експлоататорите”, додава Божинов.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии