Селмани: Пресудата од Стразбур е доказ дека во Македонија нема демократски институци
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 15:07
Здружението на новинари на Македонија за пресудата во корист на новинарите од Европскиот суд на правдата од Стразбур смета дека е потврда оти прекршувањето на правото на слобода на изразување во Македонија не е повеќе прашање на перцепција, туку е ноторен факт утврден од релевантен европски суд.
„Верувам дека институциите во Македонија ќе извлечат поука и во иднина нема да ги попречуваат новинарите во нивната работа. Тие мора да сфатат дека во демократското општество институциите имаат обврска да создаваат поповолни услови за непречена работа на новинарите“, рече Насер Селамни, претседател на ЗНМ, кој заедно со уште пет новинари тужеше во Стразбур.
Посочи дека пресудата нè соочи и со една вистина дека во Македонија нема демократски институции кои можат да ги заштитат граѓанските слободи кога тие ќе бидат прекршени од власта.
Имено, Уставниот суд во Македонија пресуди дека правото на новинарите на слобода на изразување на 24 декември 2012 година не било загрозено.
„Судот ја пропушти историската шанса да утврди едно очигледно прекршување на слободата на изразувањето. Сега е време за соочување со одговорноста. Ако малку останало човечки и професионален интегритет и кредибилитет кај уставните судии, веднаш би си поднеле оставка“, смета Селмaни.
Тој рече дека Здружението на новинарите нема да остави оваа пресуда да се заборави за една недела, туку дека ќе биде важна алатка во рацете на новинарите во идните разговори со институциите кои ќе треба да воспостават механизми да им обезбедат нормални услови за работа на новинарите.
Да потсетиме ...
На 24 декември 2012 година, на седницата за донесување Буџет, пред Собранието имаше протести на опозицијата. Носењето на Буџетот беше проследено со тензија помеѓу власта и опозицијата. Атмосферата на оваа седница кулминираше откако опозициски пратеници го опкружија претседателот на Собранието, кој му нареди на обезбедувањето да го осигури редот во законодавниот дом. Следејќи ја наредбата, обезбедувањето од собраниската сала ги отстрани опозициските пратеници, но и новинарите од собраниската галерија, вклучувајќи ги и новинарите жалители во Стразбур.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




