Село во соседството оди во карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Откако се појавија заразени од коронавирусот, село во Грција оди во карантин.
Паника и страв има во ова населено место. Ехинос во округот Ксанти, во северна Грција, денеска е ставено во строг карантин за период од една седмица.
На мештаните им е забрането да ја напуштаат областа, а воведен е и 24-часовен полициски час.
73 случаи на позитивни и четворица починати се евидентирани од 11 јуни. Како што објави грчката агенција АНА, ништо нема да работи, освен аптеките и супермаркетите, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително во јавност.
Во земјата заразени се 3.200 луѓе, а 187 се починати од коронавирусот.
Грција ги олесни мерките поради летната туристичка сезона.
Веќе им стигнаа првите гости, но засега плажите се сепак полу празни.
фото ЕПА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.