СЕЛСКИТЕ УЧИЛИШТА СО ПО 3-4 УЧИЛНИЦИ И НАЈМНОГУ 15 ДЕЦА: Таму ќе заѕвони вистинско училишно ѕвонче
Објавено во: Македонија 20 Август, 2020
Со години
наназад, во најголемиот дел од руралните средини во Македонија бројот на
учениците е многу мал, па сега во време на епидемија, тоа се смета за голема
предност со цел безбедно започнување на новата учебна година.
Поради фактот дека во овие населени места во моментов нема ниту заразени со корона вирусот, родителите сосема се согласуваат нивните деца да одат во школо и редовно со физичко присуство да си ја следат наставата. Зорица Младенова, претседателка на месната заедница во кратовското село Туралево, вели дека кај нив со години бројот на деца кои се образуваат од 1 до 5 одделение варира од 10 до 15. Заразени во селото нема, а бројот на активни случаи и во градот Кратово е многу мал. Според неа, безбедно е да се тргне на часови.
„Моите деца се големи, но јас имам внуци кои треба да тргнат на школо. Едноставно и од дома да се учи е тешко затоа што родителот мора да биде покрај детето, тоа е обврска плус. Родителите сепак требаат да одат на работа. Во селото имаме училиште, има повеќе училници така што мислам дека нема да има опасност. Тие деца и преку ден се заедно, си играат постојано, така што мислам дека некој проблем нема да има. Засега немаме заразени, а за понатаму не знаеме“, вели Младенова.
Тихомир Стојковски, претседател на месната заедница во селото Страцин вели дека во ова населено место имаат неколку ученици, а училиштето има 3-4 простории, така што може да се одржува дистанца без проблем.
Димитар Стамболиски од селото Владимирово, беровско додава дека и кај нив има десетина деца, а училиштето располага со неколку простории, така што има доволно простор.
„Најмалите кои уште не знаат да читаат и пишуваат чекаат да тргнат во училиште. Во селото немаме заразени. Пред месец дена имаше еден случај, но засега нема активни“, рече Стамболиски.
Ванчо Пармачки од беровско Будинарци, кој е татко на двајца ученици вели дека се плаши децата да ги пушти на настава.
„Имам деца кои ќе одат во 6 и 8 одделение. Вирусот не е шега и секако дека ми е страв. Веќе и во Берово го има коронавирусот. Во училиштето во нашето село има 50 до 60 деца. Јас сум за онлајн настава“, додава Пармачки.
Инаку, завчера Владата одлучи наставата да почне онлајн за сите ученици, освен за најмалите од прво до трето одделение, за кои исто така е оставена можност за избор на родителот кој ќе одлучи дали неговото дете физички ќе присутвува во школо.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.