СЕМЕЕН БИЗНИС: Засади Оригано и заработи и по 3000 евра од хектар!
Објавено во: Агробизнис 24 Август, 2013 08:24
Пред четири години одлучил да спроведе испитувања за производство на ориганото на македонска почва. Неколкуте истражувања во различни региони и на различни почви се покажале успешни. Така одлучил бизнисот со оригано Хаџи- Хамза да го прошири и во Македонија. Хаџи- Хамза има цел проект за развој на овој бизнис во Македонија.
-Нашите планови се оваа култура да се прошири во руралните средини низ цела Македонија, а финалниот производ да се брендира и како таков да се продава на светските пазари. Луѓето во Македонија се веќе запознаени со производството на оригано, но потребно е да се едуцираат, оти секој бизнис си е специфичен, објаснува Хаџи- Хамза
Како се сади?
Ориганот се сади наесен. При садење доволно е едно полевање, за да се зафати ориганото, потоа нема дополнителни инвестиции. Веќе следната пролет ориганото потерува и следните седум години има само берба. Оваа билка е доста издржлива на ниски температури. Успева на ниви со послаб квалитет и на секоја надморска височна. Доволно е нивите да се богати со калциум за да се одржува влагата. Отпорна е на болести, не бара заштитни средства и ѓубрива, нема потреба од системи за наводнување. Тоа што ја прави привлечна за производство е што во текот на годината има само 20 дена годишно работа на нивата. Особено е атрактивна за руралните средини. Без проблем се вадат две берби, со по три тона од хекатр суво оригано. Ориганото е медитеранска билка, но македонските климатски услови совршено и одговараат.
- Ние предлагаме да се почне со 80.000 садници. Ориганото се сади рачно на мали површини, и машински на поголеми површини. Помеѓу две садници треба да има растојание 25 санитиметри, а меѓу два реда 40 сантиметри. Садникот чини 1,25 денари и ние го произведуваме, вели Хаџи- Хамза.
Колку чини инвестицијата, а колкав е профитот?
Вкупната инвестиција за еден хектар со оригано, за 80.000 садници изнесува 2.000 евра. Од нив 1.500 евра се садници, а 500 евра за садење и копање. Парите се враќаат уште првата година, а носи приход од 3.000 евра од хектар. Од втората па до седмата година годишните трошоци се најмногу 500 евра за копање, одржување, па чистата заработка е 2.500 од хектар.
- Ние за 1 килограм на нашите кооперанти им плаќаме 1 евро. Со склучување на договор, еден наш кооперант од еден хектар заработува и до 3.000 евра, вели Хаџи- Хамза
Оригано - билка со огромен потенцијал
Ориганото е лековито, ароматично и зачинско растение. Поради широкиот спектар на употреба, пазарот со оригано последниве години доживеа експанзија. Побарувачката е голема, затоа и има загарнитиран пласман за неограничени количини. Од друга страна голема поволност за земјоделците е што можат да го засадат на ниви кои до тогаш за друга култура и не можеле да ги искористат, особено ридско планинските делови.. Во себе крие потенцијал за подигање на големи плантажи. Ориганото особено се бара во сува форма како зачин во кулинарството. Но сепак најбарано е маслото од оригано. Ориганото има широка примена во медицината и козметиката. Оваа билка е добар седатив, антисептик, има антибактериски својства, дигестивни и многу други , корисни во медицината. Доминантен производител на оригано во светот е Труција.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





