17 Декември, 2025
0.2786

Семејниот буџет во минус од 200 евра – Како да се преживее месецот?

Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 10:35

Добивај вести на Viber

За да се истурка јуни биле потребни 32 571 денар. Според најновите мерења, минималната синдикална кошница станува се поскапа.

За исхрана и пијалаци на едно семејство му биле потребни 13 921 денар, за домување 10 375 денари а за превоз 2 339 денари.

Во однос на мај, синдикалната потрошувачка кошница е поскапа за скоро 70 денари, при што поскапување најмногу се почуствувало кај исхраната.

За една година, односно во споредба со јуни 2012 та година, за исти производи и услуги на едно семејство сега му требаат 1 300 денари повеќе.

Најголем пораст е регистриран кај трошоците за храна, кои зафаќаат дури 43% од минималната синдикална кошница. Пораст е регистриран и кај трошоците за облека и за хигиена.

Во исто време, во јуни, статистиката измери раст на трошоците за живот од 4,2% во однос на истиот месец лани, пришто најголем пораст од 6,9% е рагистриран кај облека и обувки, 6,2% кај исхраната и 4,9% кај огрев и осветлување.

Според последните расположливи статистички податоци, во април просечната нето-плата изнесувала 20 983 денари и во однос на истиот месец 2012 та година е зголемена за 1,1%, додека кај реалната нето-плата има намалување за 2,2%.

Ако се спореди сумата потребна за задоволување на животните потреби ( според ССМ) и нето – платата на месечно ниво, бројките укажуваат дека на едно домаќинство, кое располага само со една плата во месецот му недостасуваат уште 11 600 денари за да ја “наполни“ минимланата потрошувачка кошница.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар