Семејствата на Калина и Александар бараат одговорност за трагедијата
Објавено во: Македонија 13 Април, 2018 12:54
Истрагата за трагичната смрт на македонските планинари на грчката страна на Кајмакчалан и натаму без конкретни одговори и заклучоци, а одговорност се уште никој нема преземено.
Затоа семејствата на загинатите планинари, Калина Велевска и Александар Миновски уште еднаш преку отворено писмо бараат одговорност за трагедијата од планинарската федерација, со цел за спречување на вакви трагедии во иднина.
„Согласно праксата на судот во Стразбур, истрагата во овие случаи треба да биде брза, транспарентна и енергична, а фамилиите на покојните, треба да бидат вклучени од првиот момент и да бидат известени за секое преземено дејствие и акт, заради заштита на нивните легитимни интереси и без тоа изречно да го бараат“, велат семејствата во писмото.
Оттаму велат дека родителите се загрижени за безбедноста на своите деца, кои одат на планинарски тури со бројните планинарски друштва, за физичката и психичката спремност на водичите, а особено бараат целосна одговорност на Планинарската федерација, со цел за спречување на вакви трагедии во иднина.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




