Семејство македонски стечајци дигна раце од се и замина в село
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2018 07:01
Во радовишкото село Смиланци нема ниту селска продавница, нема нови првооделенци и училиштето е во распаѓање, а таму не живеат и многу луѓе. Тоа не ги спречи Благој и Шекерина Серафимови кои со децении живееле во Радовиш повторно да му се вратат на селото од каде потекнуваат. И таму во родната куќа се веќе 12 години. Поради затворањето на фабриката во која работел, Благој одлучил да се врати назад. Сега заедно со сопругата, сите намирници ги произведуваат сами. Првично кога се вратиле чувале стадо овци, сега имаат пчелни семејства и прават мед. Не се единствени во земјава кои се повратници во селата каде живееле, но семејството Серафимови има убава приказна.

Селото Смиланци се наоѓа на 22 км од Радовиш. После 25 години работен стаж во АД ,,ЈАКА 80“ Радовиш во 2006 година, Благој и Шекерина одлучиле да ја направат миграцијата град-село. Тогаш купиле стадо овци и ги одгледувале во Смиланци кое е идеално ридско планинско село за одгледување на крупен и ситен добиток.

„Смиланци располага со високо квалитетни и еколошки чисти пасишта. Добар бизнис е овчарството“- вели Благој кој бил задолжен за напасување на стадото.
Неговата сопруга Шекерина правела производи од млеко, сирење, урда, производи за кои има побарувачка и на пазарот.

„Стадото го одгледувавме со голема љубов, и тоа ни е традиција на сите жители. Пред иселувањето на Смиланци секое домаќинство си имаше свое стадо, и татко ми и дедо ми. Моите деца се одомени и живеат и работат во Радовиш, но синот и снаата и ќерката и зетот со внучињата се овде секој викенд и ни помагаат. Во Смиланци имаше над 500 семејства, но од 1950 година, настана миграцијата село-град и повеќе селани се иселија во најблиските села, Подареш, Ораовица и во Радовиш. Во Смиланци имаше и по 40 првооделенци, но сега нема ниедно и школото „Гоце Делчев“ е во распаѓање. Имаше и продавница, но повеќе години веќе е затворена, основната храна си ја произведуваме сами, садиме компир, грав, пиперки, домати, си береме печурки од шумата“ - велат Сарафимови.


Во 2015 година, Благој одлучува да го замени стадото овци со пчелни семејства, бидејќи е полесно за одгледување, и сега произведуваат чист планински мед.
„Јас и мојата фамилија како големи љубители на Смиланци, целото наше слободно време го поминуваме таму, моите деца со нетрпение чекаат да заврши школската година и да заминат на летување во планина кај баба и дедо, каде што уживаат во слободата и убавината на ридско планинскиот селски живот, без ограничувања. Работам како сметководител во Радовиш и напорното, брзо и стресно секојдневие, си бара одмор. Затоа сме многу среќни со сопругот за викендот да одиме за Смиланци, каде што го пронаоѓаме мирот, тишината и убавината на руралноста. Едноставно ,,си ги полниме батериите во Смиланци. Во летниот период Смиланци е посетено од многу посетители-туристи, некои иселеници, некои љубители на природата, а посебно за Св.Илија на 2-ри август црквата си го слави празникот Илинден и доагаат многу луѓе“- раскажува нивната ќерка, Снежана Сарафимова Панчева.






Во последните 3-4 години и поголемиот дел од патот до Смиланци е асфалтиран и е полесно да се стигне таму со секакво возило, за разлика од претходно кога се одело само со џип.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




