18 Декември, 2025
0.0425

Семинар и работилница на тема „Длабинско разбирање на невронската активност“

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2023 13:41

Добивај вести на Viber

Во организација на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, денеска во Скопје се одржа семинар и работилница на тема „Длабинско разбирање на невронската активност“ (Deep Learning Neural Networks). Семинарот го водеше д-р Константинос Димопулос, вонреден професор и академски директор за постдипломски програми во одделот за Компјутерски науки на Сити колеџ а пред учесниците се отворија теми на многу прашања поврзани со развојот на дигиталните решенија.

Преку воведот во невронските мрежи за длабинско учење, се разговараше за тоа како човечкиот мозок нè инспирирал да создаваме програми кои навидум наивно ја имитираат работата на мозокот и на тој начин учат од единствениот пример. Се разгледаа проблемите кои вештачки невронски мрежи (Artificial Neural Networks) можат да ги решат, како може да им се претстават дигиталните информации и како тие можат да се искористат за давање одговори. Семинарот на крај го дефинира „длабинското учење“ и можностите да помогне во надминување на ограничувањата, со што ќе може да се развиваат системи како ChatGPT.

Во рамките на семинарот присутните можеа да учествуваат и во работилница „Практично длабинско учење со Python“ односно користење на Google Colab за изградба и обука на вештачки невронски мрежи. На работилницата беше објаснето како да се користи Google's Colaboratory, кој што примарно се користи за секој да пишува и извршува произволен python-код преку прелистувачот, а особено е погоден за машинско учење, анализа на податоци и образование, но овој пат применет за да се изгради едноставна невронска мрежа, а потоа истата да се обучи за да реши едноставен проблем.

Семинарот заврши со кратка презентација на програмите за додипломски и постдипломски студии кои се нудат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк кои водат до дипломи и магистерски дипломи доделени од Универзитетот Јорк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА