Добивај вести на Viber
Ниту една осигурителна компанија нема да им плати оштета на сопствениците на куќите кои беа поплавени во невремето предизвикано од ураганот Сенди, ако имале само основно домаќинско осигурување. Според владината овој тип на осигурување не ја покрива штетата предизвикана од ураганот. Граѓаните морале да имаат осигурување од поплави.
„Само неколку сантиметри вода во домовите може да предивика штета од десетина илјади долари. Прочесно од 2007 до 2011 година поплавите во домаќинствата правеа штета од околу 30.000 долари“, пишува на владината веб страница .
Полиса еден месец пред ураганот требало да склучат домаќинствата за да си ги покријат штетите од Сенди . Тоа значи дека и тие кои се осигурале непосредно пред налетот на ураганот нема да добијат обештетување за поплавениот имот.