ВЛИЈАНИЕ ВРЗ БАНКИТЕ: Кризата ќе не воздржи од штедење, па ќе има помалку кредити
Објавено во: Економија 14 Септември, 2020
Зад домашните банки се осум месеци од кои во петте функционираа во криза која ја предизвика пандемијата на Ковид -19. Годината почна вообичаено, но веќе од март и економијата беше на удар на кризата - со тоа влијанието се прелеа и кај банките. Ако се анализира профитабилноста, банките можеби и немаа значајно потфрлување, сепак и овој сегмент на финансискиот пазар не е имун на кризата. Народната банка нотира во кои пунктови се погодени банките, но и ги потенцира евентуланите идни негативни ефекти за домашниот банкарски сектор. Тој останува ликвиден, добро капитализарин, но нема се уште нема целосен имунитет, ако се зборуива со речникот на здравствената криза. Централната банка во најновиот Извештај за финаснкита стабилност за 2019 година кој беше објавен сега има осврт и за случувањата годинава. Се тврди дека кризата има влијание врз ликвидноста и кредитоспособноста на претпријатијата и населението и секако и врз домашните банки.
„Банките, нивните клиенти и, генерално, сите економски субјекти и институции во нашата земја се соочуваат со бројни предизвици од оваа криза, чиешто последици ќе зависат од времетраењето и интензитетот на негативните ефекти од глобалната здравствена, и последователно економска, криза. Ликвидноста на банките може да биде на удар на двете страни од билансот на состојба. На страната на активата, многу е веројатна неможноста на дел од клиентите навремено да ги намируваат своите обврски кон банките, тврдат од Народната банка.
Банките во еден наврат веќе ги одложија кредитните рати во рок од шест месци за своите клинети и според податоците одложено е над 65 отсто од портфолиото на домаќинставата.
Сепак, според НБРМ може да има негативен ефект и на страната на пасивата односно кај штедењето. Фактор веќе пишуваше дека нема големи повлекувања на заштедите на граѓаните но претпоставките се дека евентуалниот психолошки притисок врз депонентите од актуелните настани, може да влијае врз обемот и валутната структура на депозитите од домаќинства кои се најзначајниот извор на средства за банкарскиот систем.
„Секое позначително повлекување депозити под влијание на негативните вести поврзани со епидемијата од вирусот и очекувањата за позначителни преносни ефекти од епидемијата врз домашната економија создава ликвидносни притисоци врз банките. Дури и во случај да нема позначителни повлекувања на депозити од банките, во услови на зголемена неизвесност, опасност од намалување на платите и можеби губење на работни места, може да се очекува поголема генерална воздржаност на граѓаните за депонирање на своите средства во банките, што пак би имало негативен одраз врз изворите на финансирање на банките и идниот обем на активности, велат од Народната банка.
Од централата тврдат и дека и покрај помасовното одложување на обврските на кредитокорисниците во март по истекувањето на шесте месеци „грејс-период” може да се очекува дека дел од клиентите на банките нема да бидат во можност редовно да ги сервисираат своите обврски. Ова, сметаат од Народната банка, од своја страна ќе значи обврска за банките да прават исправка на вредноста на побарувањата од клиентите, што ќе има негативен ефект врз нивната профитабилност а преку неа, и врз солвентноста на банките. Се тврди и дека во услови на тековно влошено домашно и надворешно окружување, не само од реалниот сектор, туку и од банките може да се очекува генерална воздржаност од преземање на поризични активности, односно намалена понуда на кредити и затегнување на кредитните стандарди, што ќе има соодветно влијание врз обемот на нови кредити и стапките на кредитен раст.
Од Народната банка сепак се децидни дека со доста мерки може да се ублажат проблемите. Централната банка може да употреби и други, конвенционални и
неконвенционални инструмент и, со кои би обезбедила дополнителна ликвидност, што е
особено важно, имајќи ја предвид специфичноста на шокот и мерките коишто се
преземаат за справување со него.
Александра Томиќ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.