18 Јули, 2024
0.0266

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

Објавено во: Економија 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Сепак никој не беше заинтересиран денеска да „одврзе“ од своето ќесе сума од над 7 милиони евра, за да купи безмалку 10 пропценти од најголемата хотелиерска компанија во земјава, „Македонијатурист“. 

Според информациите, на јавната берзанска аукција која се организираше денеска по моделот „се или ништо“, немало куповен налог за акциите на ова акционерско друштво, односно за „топтан“ купување на 44.449 акции на „Македонијатурист“, што е 9,83 отсто од капиталот, и тоа по почетна цена од 9.800 денари по акција. 

Тоа значи дека никој не бил подготвен да наддава за оваа далеку повисока цена од редовната што се нудеше за акциите на Македонијатурист, иако постоеше голем оптимизам дека аукцијата ќе биде успешна.

Дали за тоа своевиден предвесник беше денешниот пад на цената на акциите на компанијата на тргувањето на редовниот пазар, на 8.000 денари, односно за 2,77 отсто, откако пак вчера таа акција го доживеа максимално дозволениот раст од 10 отсто и искачувајќи се на 8.228 денари за акција. 

Фактор денеска објави дека денеска преку јавна берзанска аукција се нудеа близу 10 проценти, или прецизно 9,83 отсто од акциите на компаниите која важи за „златна кокошка“ за инвеститорската јавност, или поточно кажано „Македонијатурист“.

Ова значи дека за нецели 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“ се бараа дури 7,1 милиони евра, што, пак, упатува дека оној што ќе сака одеднаш да дојде до колач од 10 отсто од акциите, ќе мора добро да ја „одврзе“ банкарската сметка, и за нив да искешира повеќе од седум милиони евра, што е навистина голема сума, и не ја има баш секој на своето конто.

Инаку, оваа јавна берзанска аукција се организираше на барање на една од членките на берзата, брокерската куќа Еурохаус.

Веројатно во пресрет на денешната продажба, вчера акцијата на „Македонијатурист“ доживеа голем пораст, па скокна на 8.228 денари за акција, откако претходното тргување беше на 11 јули годинава, кога цената беше 7.480 денари по акција. Пред околу десетина дена, пак, преку блок трансакција акции купи директорката Мирјана Таневска-Ефремова, по цена од 6.800 денари за акција, колку и што се продавале акциите на редовниот пазар на 5 јули. Почнувајќи од април годинава, кога во просек била нешто над 5.000 денари, цената на акциите на „Македонијатурист“ постојано одеше нагоре, за на 5 јули и на редовниот пазар акциите да се продаваат по 6.800 денари за акција. 

Постапка на јавна  берзанска аукција при моделот се или ништо предвидува дека на самиот ден на одржување на аукцијата, членката на Берзата -  застапник на продавачите на акциите, ги внесува продажните цени и количините за определени акции во БЕСТ системот. Аукцијата на акции се одвива во две фази и тоа: фаза на индикација на интерес, во траење од 5 минути;  фаза на наддавање, во траење од најмалку 5 минути, при што, доколку во последната минута не дојде до подобрување на најдобрата куповна цена (највисоката цена), се склучува трансакција. Во спротивно, доколку во текот на последната минута од 5-те минути наддавање дојде до промена на најдобрата куповна цена, наддавањето продолжува со нови 5 минути по истекот на претходните 5 минути. Доколку дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од новите 5 минути, наддавањето продолжува за дополнителни 5 минути. Ваквиот начин на продолжување на наддавањето може да се случува најмногу во 10 интервали (10 пати по 5 минути). Доколку во текот на било кој интервал од по 5 минути не дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од 5-те минути, БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. Во случај на наддавање во 10 интервали, БЕСТ системот склучува трансакција по најдобрата куповна цена во десеттиот интервал. 

Состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека над 5 отсто акции поседуваат неколкумина и тоа поранешниот долгогодишен директор Доне Таневски има 22,21 отсто, Соња Бибамовска има 11,27 отсто, а пензискиот фонд „Сава“ располага со 8,8 проценти од акциите. Самото АД поседува 10 отсто од акциите. 

Она што треба да се спомене е дека има многу помали акционери кои поседуваат под 5 отсто од компанијата. Па така, дури 41,52 отсто од акциите се во посед на 559 домашни физички лица, додека, пак, 5,86 отсто од акциите се во сопственост на 27 правни лица.

Доколку има интерес за нова јавна берзанска аукција, тоа значи дека на наредната ќе мора да се оди по пониска почетна цена, каков што бил случајот со претходна таква берзанска аукција. 

Со денешниот неуспех на аукцијата, останува фактот дека нема да дознаеме кој ги нудеше овие акции, односно дали тоа беше некој од поголемите, или некој од поситните акционери на најголемата хотелиерска компанија во земјава.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка

ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра

ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра

КОЈ ЌЕ ИЗВАДИ ОД СВОЕТО КОНТО НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - по моделот „се или ништо“ се нудат близу 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“

КОЈ ЌЕ ИЗВАДИ ОД СВОЕТО КОНТО НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - по моделот „се или ништо“ се нудат близу 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“

КИНА НАПРЕДУВА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХУМАНОИДНИ РОБОТИ: нов поттик за економијата

КИНА НАПРЕДУВА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХУМАНОИДНИ РОБОТИ: нов поттик за економијата