Сериозно во Европа: СЗО предупредува на огромен број млади заразени, само за една недела 300.000 нови позитивни на ковид
Објавено во: Свет 18 Септември, 2020
Светската
здравствена организација денеска алармира на огромен број новозаразени со
корона вирусот во Европа, наведувајќи во неделниот извештај дека станува збор
за 300.000 позитивни само во последната недела, што е многу повеќе кога
пандемијата првпат го достигна врвот во март.
Според Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа, станува звор за исклучително сериозна ситуација, бидејќи бројот на новозаразени во повеќе европски земји на дневна основа е највисок во последните неколку месеци.
-Капацитетите за тестирање се зголемија низ цела Европа од почетокот на пандемијата. Младите луѓе во моментов го сочинуваат најголемиот дел од ново регистрираните случаи на коронавирус. Карантинот даде јасни резултати. Во јуни, случаите достигнаа најниско ниво, а сега бројот на нови случаи во септември треба да послужи како повик за будење за сите нас, истакна Клуге на редовниот брифинг.
Пред неколку дена, тој предупреди дека Европа треба да се подготви за зголемување на смртноста од коронавирус во октомври и ноември, предупредувајќи дека ќе биде сè потешко.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.