ТРАМП ПОТВРДИ: Една од првите мерки ќе биде зголемување на царините за производите од Кина, Канада и Мексико
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2024
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп потврди дека меѓу неговите први економски мерки по неговата инаугурација во јануари ќе биде зголемувањето на тарифите за производите што доаѓаат од Кина, Канада и Мексико.
Една од многуте мои први извршни наредби на 20 јануари ќе биде потпишување на потребните документи за воведување царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД од Мексико и Канада“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.
„Оваа одлука ќе остане на сила се додека дрогата, особено фентанилот и сите илегални имигранти не престанат да ја напаѓаат нашата земја“, додаде Трамп.
Во посебна порака тој најави дополнително зголемување од 10 отсто на царините за производите кои пристигнуваат во САД од Кина.
Трамп ја објаснува својата одлука со кризата во САД, која ја поврзува со дрогата и имиграцијата.
За време на кампањата, Трамп најави царини до 60 отсто за одредени кинески производи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.