Сертификат за квалитет доби Агенцијата за цивилно воздухопловство
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2013 14:43
Агенцијата за цивилно воздухопловство доби Сертификат ИСО 9001:2008, кое според директорот Дејан Мојсоски е потврда за долгогодишната заложба од Агенцијата да се направи современ европски систем на брз, ефикасен и безбеден авиотранспорт достапен до сите граѓани.
- Овој сертификат за нас, како регулаторно тело кое се стреми да го достигне квалитетот и ефикасноста на подигнувањето на перформансите во македонското воздухопловство, значи многу. Со зголемувањето на комуникацијата меѓу раководството и вработените, примената на најдобрите практики од поразвиените земји, но и усогласувањето на домашната со европската регулатива, ќе ги зголеми нивото на задоволство на корисниците на услугите, но и ќе ја засили довербата кон нашите услуги, рече Мојсоски денеска на примањето на сертификатот.
Според Дејан Лазаров од претставништвото на ТУВ во Скопје која го издаде сертификатот, ова значи градење добар имиџ на Агенцијата за цивилно воздухопловство, со што ќе се постигне сигурен, ефикасен и безбеден воздушен сообраќај.
Директорот Мојсоски најави дека на 25-ти овој месец Агенцијата почнува преговори за склучување меморандум за соработка со Саудиска Арабија, а во тек се разговори со Малта, Канада и Бразил.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





