Сет мерки за справување со поплавите
Објавено во: Агробизнис 27 Февруари, 2013 13:29
Координативното тело за поплави на сите места каде што недостасува вода за пиење треба да обезбеди цистерни или флаширана вода, сите општини и Градот Скопје да ја активираат механизацијата на јавните и комунални претпријатија за интервенции, а министерствата за одбрана и за внатрешни работи да ги стават на располагање хеликоптерите, чамците и останата соодветна опрема за помош на населението во најкритичните места, ова се сет мерките кои Владата ги спроведе за справување со последиците од врнежите и поплавите што деновиве ја зафатија Македонија.
Донесени се и специјални мерки на дејствување на медицинските служби, како и препораки до населението за заштита на здравјето.
- Граѓаните од загрозените региони кои поради влијание на поплавите не се во можност да дојдат до аптеки или медицински центри, на бројот на итната медицинска помош 194 да ги пријават своите потреби за лекови и медицински персонал, порача владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев .
Директорите на здравствените домови во чии рамки е организирана итната медицинска помош треба да ја зголемат приправноста на екипите, а во ноќните часови да го удвојат присуството во ноќната смена со ангажирање тимови од другите дејности.
Јавните претпријатија за водоснабдување од денеска се задолжени да ги зголемат контролите на бактериолошка и хемиска исправност на водата за пиење со земање мостри двапати дневно. Истата активност, нагласи портпаролот, ќе ја преземаат и центрите за јавно здравје во загрозените региони.
Уште во текот на вчерашниот ден евакуирани и згрижени во прифатни центри се лицата чии домови привремено не функционираат. За нив се обезбедени санитетски пакети и храна, душеци, ќебиња..., нагласи Ѓорѓиев.
Во радовишките села кои се отсечени поради паднатиот мост со хеликоптери на МВР веќе е испратена помош во чиста вода за пиење, лекови и медицински тим кој ќе остане таму до поврзувањето на овој регион со останатите. Градежна механизација пробива нов пат кој води од Злеово кон Покрајчево и се очекува негово обезбедување во следните 48 часа.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно владините мерки се задолжува да изготви проекти за санирање на браните во Пишица и Слатино, а доколку не постои можност за тоа, да проектира изградба на нови брани на двете локации. Агенцијата за стокови резерви треба да достави до Владата соодветна одлука за отстапување храна за населението од најзагрозените подрачја.
Портпаролот Ѓорѓиев потсети дека министрите денеска се повторно на терен, вицепремиерот Владимир Пешевски во Струмичко, Гордана Јанкулоска во Кумановско, Миле Јанакиески во Пробиштип, Спиро Ристовски во Штип и Свети Николе, а заменик-министерот Зоран Коњановски во Радовишко каде ќе ги надгледуваат и координираат тековните операции за поддршка и помош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





