06 Декември, 2025
0.0281

Сетек ја претставува најновата генерација енергетски ефикасни решенија на Енерго Технома 2025

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

Александар Медарски, директор на брендот Мидеа и Игор Рибески, проект менаџер на Сетек Солар, ги презентираат иновациите што носат заштеда, одржливост и енергетска независност.

Компанијата Сетек, долгорочен партнер на брендот Мидеа, ќе се претстави на претстојниот саем Енерго Технома 2025, водејќи се од стратегијата за промоција на енергетската ефикасност и одржливите технологии на македонскиот пазар. На овој водечки настан во регионот, кој ги обединува компаниите од областа на енергетиката, електрониката и технолошките иновации, Сетек ќе ги претстави најновите производи и решенија кои комбинираат модерна технологија, еколошки стандарди и економична потрошувачка на енергија.

„Енерго Технома е водечки настан во регионот и за нас претставува одлична можност да ги прикажеме нашите најнови решенија, да воспоставиме нови деловни контакти и партнерства, како и директно да комуницираме со нашите клиенти и професионалци од индустријата“, истакнува Александар Медарски, директор на Мидеа.

„Со учеството на саемот сакаме да покажеме како преку модерни технологии и паметна енергетска ефикасност може да се постигне комфор, заштеда и грижа за животната средина“.

На саемот, Сетек ќе го презентира брендот Мидеа со акцент на:

● Midea magnetic boost chileri – централни системи за ладење со магнетни лежишта за максимална ефикасност и речиси бесшумна работа.

● Топлотни пумпи M-Thermal – системи за греење, ладење и подготовка на санитарна топла вода со минимална потрошувачка на енергија, вклучувајќи и технологија со R290 гас.

● Midea Solar Solutions – соларни панели и хибридни инвертери за интеграција со системите за климатизација и топлотни пумпи.

● VRF системи – флексибилни решенија за климатизација на комерцијални објекти.

Медарски појаснува дека топлинските пумпи и фенкоилерите носат значителни придобивки за домаќинствата и компаниите. 

„Овие технологии овозможуваат значително пониски трошоци за енергија, намалуваат емисија на CO₂ и се усогласени со современите европски стандарди за енергетска ефикасност. Со комбинација на топлотна пумпа и фенкојлери се добива комплетен систем кој обезбедува греење, ладење и подготовка на топла вода со минимални трошоци за одржување“.

Проект менаџерот на Сетек Солар, Игор Рибески додава дека компанијата веќе пет години успешно соработува со Мидеа и дека на саемот ќе презентира нови решенија за производство и акумулирање на електрична енергија од сонцето. 

„За прв пат ќе ги покажеме нашите инвертори и батериски системи за домашна, комерцијална и индустриска употреба, кои им овозможуваат на клиентите да ги намалат сметките за електрична енергија до 70% во споредба со традиционалните системи“, нагласи Рибески.

Тој исто така потенцира дека интересот на македонскиот пазар за соларни панели постојано расте.

„Секој кој сака да инвестира во „зелена енергија“ треба да се потпира на врвниот квалитет на Мидеа и на професионалната поддршка на нашиот тим. Само со добра анализа и проект се стигнува до најдоброто и исплатливо решение“.

И Медарски и Рибески се согласуваат дека ваквите саеми имаат значајна улога во подигнување на свеста за енергетска ефикасност и воведување на одржливи технологии во секојдневието. 

„Настани како Енерго Технома се вистинска можност за едукација на јавноста, размена на искуства и запознавање со најновите решенија кои носат реални придобивки – пониска потрошувачка, заштеда и чиста енергија“, заклучува Медарски.

Со своето присуство на Енерго Технома 2025, Сетек ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржливост и енергетска ефикасност, нудејќи решенија кои комбинираат комфор, заштеда и грижа за животната средина.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј