„СЕЗОНАТА НА ПОЖАРИ Е УСПЕШНО ЗАВРШЕНА“: Мицкоски најави решение за депониите Вардариште и Дрисла
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2025 13:28
После успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде имаше жртви, големи населени места кои беа евакуирани, каде што имаше голема штета во имотот, движен и недвижен, ние такви случаи немавме поради добрата организација и навремено организирање, вели премиерот Христијан Мицкоски кој смета дека некому ова му пречело и затоа се користел периодот пред избори за да се создаде паника и негодување.
„Го следиме тоа многу внимателно. Тоа е проблем којшто е создаван со децении. Никој досега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање. Ќе ве потсетам, кога го имавме проблемот со сметот во Скопје и кога скопските градоначалници се обидоа да го решат тој проблем, кога Комуналното претпријатие не работеше, тие се обидоа да го однесат сметот во Дрисла, а таму наидоа на затворени врати и добија кривични пријави“, рече Мицкоски.
Според премиерот, веќе се работи на решение.
„Ние и овој случај нема да го оставиме така. Веќе работиме со министерот за транспорт, на општествено одговорни градежни компании, со кои ќе донесеме донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла и ќе можеме да дејствуваме внатре, за да не се случува ова континуирано. МВР имаше акција во дивата депонија Вардариште во која има илјадници милиони килограми смет. Не пречела никому, со години било тоа создавано, но ние ќе го решиме“, вели премиерот.
За нелегални отпади во Вардарише, како што кажа Мицкоски, претходно биле уапсени три лица со нелегални депонии.
„Тоа што државата треба да го направи ќе го направи. Но и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам да кажам како човек што е професор, не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција, се создава метан. И тука може да се случи тоа што се случува, со еден обичен отпушок. Како и многу други работи што ги решивме во овие 15 месеци, така и ова ќе се реши“, посочи Мицкоски.
За барањето на Зелен Хуман Град за нула отпад, тој кратко рече „Не можат сите да бидат „за“, мора да има некои „против“. Јас ќе ги поканам сите на дебата, да видиме и да споредиме, затоа што многу е лесно да се даваат изјави, да се создава магла“.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




