ШАХ – Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2023 14:30
Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.
Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијата на вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност. На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахисти од сите возрасти – најмладиот учесник на возраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години! Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија!
Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има АЛКАЛОИД како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште 7 држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи!
На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освои српскиот велемајстор Синиша Дражиќ.
Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.
Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковскаи женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.
Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) –според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години – Илијана Велева иЛука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета, до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години – Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




