25 Ноември, 2024
0.0256

ШАХ – МАТ за Буџетот: ќе издржи ли уште едно зголемување на пензиите?

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

За околу 550 денари ќе се зголеми февруарската пензија на сите пензионери, откако Владата го прифати предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери најавеното покачување на пензиите за 5 проценти да се однесува на целата сума исплатени пензии во тој месец и потоа да се распредели линерално, односно поеднакво на секој пензионер. Покачувањето ќе влезе во основицата на пензиите. Ваквата одлука според министерот Спиро Ристовски била донесена на предлог на сојозот на пензионерите кој направил испитување во сите пензионерски здруженија, чии членови сметале дека ваквиот начин на покачување е покоректен и ќе им помогне и на оние пензионери со пониски пении, какви во земјава се околу 180 илјади. - Покачувањето ќе се изврши на начин што исплатата на пензиите за февруари 2013 година ќе се зголеми за пет проценти и така добиениот износ ќе се подели на вкупниот број корисници на пензија. Со оваа мерка ќе се опфатат корисниците на пензија кои правото ќе го остварат заклучно со февруари 2013 година, рече министерот Тистовски. Ова покачување од 5 проценти ќе биде реализирано, откако претходно на почетокот на годината пензиите ќе се усогласат со порасот на платите и трошоците на живот, со кое пензиите ќе се зголемат за 2 проценти. Тоа би значело оти пензиите ќе се зголемат за околу 7 проценти. Едноставната математика вели дека тоа ќе значи дека нови над 50 милиони евра ќе мора да најде Владата за да ги даде во Фондот за ПИОМ за пензии. Инаку, оваа мерка била една од двете можни опции за кои размислувала Владата. И двете имаат идентични фискални импликации во однос на буџетот, вели Ристовски. - Се одлучивме за оваа варијанта врз основа на претходна анализа и став на пензионерите кои не информираа дека мнозинството од пензионерите констатирало дека оваа опција е поправилна и поправична, рече министерот за труд и социјална политика. Задоволни се и од Здружението на пензионерите на Македонија, но што сево ова ќе значи за пензискиот систем. -Имаме запрепастувачка ситуација на еден пензионер во моментот да работат и одговараат за него 1,7 вработени лица што е тешко одржливо за целокупниот пензиски систем во Република Македонија, а до пред 20 години за потребите на еден пензионер работеа четири до пет лица – рече неодамна министерот Ристовски, апелирајќи сериозно да се сфати ризикот од намалувањето на нателитетот. Но, иако проблемот јавно беше обелоденет, нема никакви најави дека се планираат било какви мерки за подобрување на ситуацијата. Напротив, таа дополнително дополнително се влошува сега откако се виде дека со зголемувањето на пензиите нема назад. Од буџетот за пензии 287 милиони евра! На Фондот за ПИОМ потребни му се околу 750 милиони евра годишно за пензии, но од придонесите што ги уплаќаат вработените собира не цели 450 милиони. За да обезбеди редовни пензии, Владата годинава директно од буџетот префрли во Фондот рекордни 287 милиони евра, што е сума еднаква или дури и поголема од онаа што се плаќа за капоталбни инвестиции. Праксата да се „помага“ ПИОМ не е нова, бидејќи пензискиот систем веќе дваесетина години не е самоодржлив, но последниве години зазема драматични размери. Така, само во однос на лани сумата што се трансферерира од буџетот е зголемена за 54 милиони евра, а во однос на 2008 година за цели 100 милиони евра! Од следната ќе требаат дополнителни 50 милиони евра. Тоа немаше да биде проблем доколку другиот дел од економијата покажуваше знаци на подбрување, но најновите бројки што ги испорача и гувернерот Богов не се такви. Годинава, ако малку има среќа Македонија би можела да заврши на нула проценти стапка на раст. Во песимистичко сценарио, таа ќе биде под нулата. Од друга страна, не е на повидокк ниту дека следнаат година ќе биде подобро, особено ако се земат предвид размислувањата на Академик Беџети, дека следната година кризата ќе ги стаса и македонските банки, како логичен редослед на кризата во реалниот сектор. Во такви услови јасно е дека Буџетот ќе стенка под налет на се поголемите трошења, и се чини како и многу пати досега Владата ќе крати од капиталните инвестиции, за да не ги чепне платите, пензиите и социјалата. Токму затоа зачудува непазарната логика, пензиите да се зголемат во време на криза, освен ако на неа не гледаме како на популистичка мерка насочена кон една категорија граѓани, во изборната 2013 та година! Г.М.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.