ШАНСА ЗА МЛАДИТЕ: Се нудат 20.000 евра неповратно
Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2020 14:47
Неповратни 20.000 евра се нудат за млади земјоделци до 40 години.
До 3 март годинава земјоделците до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство, а годинава оваа финансиска поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) го објави јавниот повик за мерката 113 Поддршка за поттикнување на земјоделското производство.
Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.
Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





