20 Декември, 2025
0.1804

„Шанса за живот“ – кампања за донации на ОКТА

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2014 14:11

Добивај вести на Viber

„Шанса за живот“ е кампања на ОКТА за донирање инкубатори во одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести. ОКТА ќе донира пари и дополнително ќе издвојува сума од секоја продажба на гориво на нејзините бензински пумпи. Кампањата ќе трае до крајот на ноември оваа година. Целта на кампањата е опремување на одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести со инкубатори и друга неопходна апаратура што е потребна за нормално функционирање. „Како социјално одговорна компанија ние сме одлучни да помагаме онаму каде што е потребна помош. Имајќи ја предвид моменталната состојба во ова одделение на Детската клиника, каде што предвремено родени бебиња и деца со компликации секојдневно се борат за живот, започнавме соработка со Клиниката за собирање средства. Дел од тоа ќе биде донација од ОКТА, а дел ќе биде од продажбата на гориво на бензинските пумпи на ОКТА“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Виктор Папаконстантину. Компанијата ја избра Клиниката за детски болести за донацијата затоа што во интензивното одделение се сместени сите предвремено родени бебиња и бебиња родени со компликации и каде што нивните животи зависат од тоа колку добро е опремено ова одделение и од медицинската нега што ја добиваат таму. Моменталната состојба во ова одделение е повеќе од драматична поради старата опрема. Потребата за реновирање на медицинската апаратура е итна и со голема приоритетност. Структурата на кампањата е создадена да влијае и да ги вклучи сите граѓани низ цела држава и да ја подигне нивната свест за моќта да се предизвика промена.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии