29 Март, 2024
0.0279

ШАРЕНИТЕ ВО ВЛАДА: Илинденска засилена, граѓанскиот активизам ослабен!?

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Економски истражувачи, универзитетски професори, актери, граѓански активисти, како дел од новата владина коалиција ќе учествуваат во креирањето на владините политики и спрoведувањето на реформите. 

Новата Власт само досега регрутираше седумина лица од граѓанскиот сектор, во Собранието, министерствата и во владиниот кабинет. Сите беа силни поддржувачи, учесници, а дел од нив иницијатори на граѓанското движење „Шарена револуција“- движење на кое се приклучија граѓани од сите градови и неколку месеци протестираа против корупцијата и политичката неодговорност, а во заштита на демократските вредности и слободата. 

Толкувањата за тоа дали овие луѓе кои беа коректори и борци против неправдите треба сега да бидат дел од новата владејачка гарнитура се различни. 

Дел од коментарите се дека поради моралните вредности и борбата против политичката неодговорност заслужуваат државна фунција преку која ќе ги застапуваат граѓанските права, но дел пак сметаат дека на овој начин ќе имаат поинакви одговорности, a општеството станува послабо за критички корективи.  

Еве кои од т.н „шарени револуционери“ се дел од новата владина коалиција:

Марјан Забрчанец- основач на Младинскиот образовен форум и на интернет радиото Радио МОФ. Важи за критичар на политиките за образование што ги спроведуваше ВМРО ДПМНЕ, особено за екстерното тестирање  и воведувањето на државни испити за студентите. Забрчанец беше дел од „Шарената револуиција“. Сега во новиот владин состав влегува како советник за комуникации и односи со јавност на Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

„Ќе се вложам со цел свој капацитет новата Влада на Република Македонија да ја оправда својата позиција како отворена, реформска и отчетна, а во исто време гласот на граѓаните да биде слушнат, разбран и испочитуван. За овие вредности се боревме, за тоа и ќе продолжиме да дејствуваме заедно со целиот тим, преку министерствата и институциите, во соработка со сите демократски општествени чинители. Останувам искрен соработник и силен поддржувач на граѓанскиот сектор, со цел Македонија да стане едно, единствено, демократско и правично општество за сите граѓани“, напиша Забрчанец на својот фејсбук профил.

Бранимир Јовановиќ- економски истражувач, силен критичар на економските политики на ВМРО ДПМНЕ. Како учесник во „Шарената револуција“, на еден од протестите беше и приведен од страна на полицијата. Јовановиќ е економски истражувач чие поле на експертиза може да се дефинира како применета економија и економетрија. Темите кои ги обработува се економската нееднаквост, сиромаштијата и фискалната политика. Има докторат по економија од Универзитетот во Рим „Тор Вергата“ и четиригодишно искуство како аналитичар во Народната Банка на Република Македонија. Беше член на Левица, но непосредно пред последните избори ја напушти партијата. Во новата владејачка гарнитура ќе биде дел од кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски. 

„Знам дека влегувам во ова клучно министерство во многу сериозен период, кога ќе треба и да се коригираат многу работи од претходното владеење, и да се прават промени во насока на поправедно општество. Нема да биде воопшто лесно, но токму затоа и прифатив, зашто сакам предизвици и зашто ако сега не се промени нешто, никогаш нема. Ги разбирам и оние кои мислат дека ова ми е „награда“ за активностите од изминатиот период. Кај нас активизмот честопати беше параван за партиски дејствија, така што ваквиот став не е без основ“, напиша Јовановиќ на својот фб профил

Павле Богоевски- еден од главните иницијатори на „Шарената револуција“. Иако се најде на листа на СДСМ во Собранието, во Собранието сега е независен пратеник, претставник на граѓанскиот сектор. На јавноста и е познат по тоа што активно учествуваше во бојадисувањето на дел од институциите. Во својот прв говор како пратеник на седницата кога се одбележуваше и една година од „Шарена револуција“, Богоевски изјави дека и овој дом ќе продолжи да биде боен , но сега одвнатре. 

„Пред една година Ѓорге Иванов се претвори во заштитник на криминалот, аболицирајќи ги функционерите од ВМРО-ДПМНЕ и благдарение на Шарената револуција тие денес се аболицирани политичари. Гласавте 130 закони за 24 часа. Се правите патриоти, а преговарате за името зад грб. Шарената револуција ќе продолжи да го бои овој дом, но сега од внатре. Благодарение на Шарената револуција избегнавме демократија по терк на Трајко Вељаноски. Шарената револуција рече „Доста беше страв, доста беше молк“, изјави тогаш  Богоевски. 

Ивана Туфегџиќ- беше дел од Студентскиот пленум, важи за борец за подобро и поквалитетно високо образование. Учествуваше во масовните студентски протести  и во „Шарената револуција“. Туфегџиќ беше дел од работната група на Сенатот при УКИМ, дел од групата студенти кои најжестоко се спротивставија на заканите и физичкиот напад врз студентите на 5 мај и на студентските избори во јуни 2016 кога застана пред полицискиот кордон.  Сега е независен пратеник. За себе вели дека не планира да се менува туку да ги застапува ставовите  на академската и на граѓанската заедница, да се бори и да го брани  она кое смета  дека е правилно, силно и гласно како и досега.

Во Министерството за култура, заменик министер е актерот Владимир Лазовски, а во кабинетот кај министерот за култура Роберт Алаѓозовски е и новинарот и активист Петрит Сaрачини. Како независната пратеничка и претставник на граѓанскиот сектор во Собранието е универзитетскиот професор Ирена Стефовска.

Концептот на граѓански активисти на партиски листи е нов и прв пат се спроведува во Македонија, претставниците на граѓанскиот сектор во новата Влада сметаат дека овој чекор е суштински за свежината, за значењето на граѓаните, за концептот на новата власт, но и за модернизација на партиите.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница