18 Декември, 2025
0.3799

Шефицата на Јаху им забрани на вработените да работат од дома

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 10:42

Добивај вести на Viber

Мариса Мајер, генералниот директор на Јаху, побара од вработените од јуни да доаѓаат на работа, наместо да работат од дома. Оваа информација предизвика вистинска бура меѓу вработените „За да стане ова најдобро можно место за работа важни се комуникацијата и соработката, па е неопходно да работиме едни покрај други. Затоа е од клучно значење сите да бидеме во своите канцеларии. До најдобрите одлуки и сознанија често доаѓаме низ разговор во ходник или во кафетерија , преку запознавањето нови луѓе и на импровизираните состаноци на членовите на тимот. Кога работиме од дома, често губиме во брзината и квалитет“, истакна Мариса Мајер во интерната порака до вработените. Како што пренесува сајтот „AllThingsD“, гневот и незадоволството на вработените не е особено зачудувачки, затоа што многумина од нив се вработиле во компанијата и поради флексибилните услови за работа. Сајтот наведува и дека таквите реакции најмалку се предизвикани од мрзеливоста на вработените, поткрепувајќи го тоа тврдење со резултатите од најновите истражувања. Студијата од Универзитетот Стенфорд покажаа дека вработените во кол-центрите го зголемиле учинокот за 13 отсто кога работеле од дома. Тие наведоа дека се „задоволни со работата и дека подолго се задржуваат на таа работа“. Минатогодишното истражување на американското Биро за статистика на труд покажа дека работата од дома „очигледно ја зголемува продуктивноста и го намалува отсуството од работа“, а студијата од Универзитетот Тексас во Остин открива дека луѓето кои работат од дома „работат по пет до седум часа подолго во работната недела отколку оние кои работат само во канцеларија  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина