19 Декември, 2025
0.0673

ШЕФОВИ ИМА КОЛКУ САКАШ, АМА НЕМА ПОШТА-РАЗНЕСУВАЧИ И ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИЦИ - вработените го изразија својот револт, ќе ги слушне ли власта

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024 12:07

Добивај вести на Viber

Вработените во Македонска пошта денеска го изразија својот револт поради ненавремената исплата на плати за февруари. Претседателот на синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, посочи дека протестот на вработените е израз на загриженост за опстанокот на Македонска пошта, како и зачувувањето на нивните работни места.

Покрај тоа што 80 отсто од вработени во Македонска пошта се со просек на минимална плата, Велигденов вели, работодавачот не ја исполнил законската обврска да ги исплати платите во законски предвидениот рок. Поради лошата финансиска состојба на Македонска пошта, Велигденов истакна дека вработените стравуваат дека во наредниот период нема да има редовна исплата на плати.

– Имајќи ја предвид лошата финансиска состојба на друштвото, револтот кај вработените е дотолку поголем од стравувањето дека во наредниот период ќе има редовна исплата на плата. Оваа финансиска криза е резултат на лошата организација на работењето во Македонска пошта предизвикана од кадровската политика и менаџирањето со години кое се спроведува во Македонска пошта со непродуктивно прераспоредување и вработувања со што се доведовме во состојба од недостаток на работници во технолошкиот процес, каде што најмногу се потребни работниците, а тоа се пошта-разнесувачи, недостаток на шалтерски работници, недостаток на работници во технолошкиот процес. Како резултат на тие политики имаме преполни работни места во администрација и шефовски позиции, истакна Велигденов.

Состојбата во Македонска пошта ги демотивира вработените, затоа Велигденов вели друштвото се соочува со одлив на вработени по сопствено барање.

– Синдикалните организации на Македонска пошта со години алармираат до Владата и раководството за хаосот и состојбите во кои се доведе Македонска пошта со барања за итно реформирање и реоганизирање на друштвото. Но, за жал, ниту се има слух, ниту разбирање од нивна страна за стабилизација и позиционирање на Македонска пошта на поштенскиот пазар како главен сервис на сите граѓани и институции во Македонија, рече Велигденов.

Нивните барања се изготвување нова систематизација, нов колективен договор, реорганизација на поштенските реони, технолошка модернизација, како и измени во Законот за поштенски услуги.

– Ја повикуваме Владата која е основач и сопственик на Македонска пошта, заедно со раководството веднаш и без одлагање да се задолжат за обезбедување на финансиски средства за редовно исплатување на плата, како и преземање на итни мерки за реорганизирање и реформирање на работењето на Македонска пошта кое би довело до стабилизација и опстојување на компанијата, повика Велигденов.

Доколку не се исполнат барањата, Велигденов вели протестот ќе продолжи понатаму, додека синдикалните организации на Македонска пошта ќе отпочнат постапка за штрајк во насока на заштита на работничките права.

Миа

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан