Шеќерот ќе поевтинува, место леб ќе јадеме колачи!
Објавено во: Агробизнис 08 Февруари, 2013
Македонија е целосно зависна од увоз на шеќер, и во услови на намалување на берзанската цена наскоро би можело да се очекува корекција на цената и овде. Од Македонија за шеќер годишно се одлеваат меѓу 32 и 36 милиони евра, бидејќи земјоделците се скептични во исплатливоста на садење репа. Зошто во земјава нема планско производство на различни земјоделски култури?
Последните случувања со цената на шеќерот на светските берзи, ќе имаат влијание и врз македонскиот пазар, коментираат експертите. Фактот што Македонија е комплетен увозник на оваа суровина, значи и дека секоја корекција на цената на шеќерот на светските пазари ќе влијае и на промената на цената на домашниот пазар.-Бидејќи и суровиот шеќер е берзански производ, секоја корекција во позитивна или негативна насока, а бидејќи немаме никакво домашно производство, претпоставувам дека позитивно односно негативно ќе се одрази и врз домашното производство-вели професор д-р Зоран Димов, од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Според последниот извештај на консултантската компанија„Kingsman“, вишокот на шеќер на светско ниво ќе се намали за 51 отсто во периодот 2013-2014 година, споредено со претходната година, поради пониските цени кои доведоа до пад на прозивдоството. Испорaките на шеќер ќе бидат зголемени за 5,6 милиони тони во однос на побарувачката, која започнува на 1-ви октомври. Очекувањата се дека производството ќе се намали за 1,8 отсто. Во извештајот стои дека, иако падот во производството изгледа чекор напред во вистинската насока, вишоците не исчезнуваат, туку продолжуваат да се трупаат и цената дополнително ќе паѓа.
Кога ќе се коригира цената?
Засега на македонскиот пазар нема корекции на цената на шеќерот, која се движи од 37 до 43 денари во зависност продажните политики на маркетите. Од поголемите маркети коментираат дека цената на шеќерот зависи од цените што ги поставуваат добавувачите на шеќер, од кои засега немаат најави за корекција на цените. Но, сепак појаснуваат дека во ситуација кога добавувачите се принудени да ги следат трендот на поевтинување на шеќерот на светските берзи, тогаш најверојатно ќе дојде и до намалување на цената на шеќерот во македонските маркети, но и на цените на кондиторските производи.
Светот се соочува со вишок на шеќер, Македонија нема ни грам домашна суровина Вкупното производството на шеќер во светот за 2010/2011 година изнесува 168,8 милиони тони и претставува зголемување за 7,7% во споредба со 2009/10 година. Порастот главно се должи на значајното заживување и зголемување на производството на шеќерна трска во Индија. Поголем дел од зголеменото производство отпаѓа на земјите во развој 129,4 милиони тони, каде што е констатирано зголемување од 10,3% во споредба со 2009/10 година, за разлика од развиените земји кај кои не се регистрирани никакви промени . Во однос на потрошувачката на шеќер, 67% од вкупните количества отпаѓаат на земјите во развој и се очекува нивна доминатност и во иднина, посебно на земјите од азискиот континент. Се претпоставува дека глобалната потрошувачка ќе продолжи да расте, во просек од 1,5 до 2,0% годишно, потикната главно од подобрување на животниот стандард на населението во светот, порастот на популацијата, како и од менувањето на начинот на исхрана. За увоз на шеќер се одлеваат од 32 до 36 милиони евра годишно Но, во услови кога светот се соочува со вишоци, Македонија иако има идеални услови за оваа земјоделска култура, нема ниту грам домашно производство.- Во Македонија за жал веќе трета година шеќерната репа не се одгледува, така што 100% од потребите ги обезбедуваме од увоз за кој просечно се издвојуваат од 32 до 36 милиони евра. Дали е ова оправдано, за тоа треба посебна дискусија, вели професорот Димов.
Според проценките на експертите производството на шеќерна репка на 3000 до 4000 хектари , ќе ги задоволи потребите на државата, која годишно троши од 50 до 60 тони шеќер. Но земјоделците разочарани од ниските откупни цени на шеќерната репка, се откажаа од оваа индустриска култура. Пред шест години деноноќно производителите на шеќерна репка проетстираа за да издејствуваат повисока откупна цена, но залудно. Во 2010 година министерот за земјоделство Љубчо Димовски влезе во офанзива, за враќање на шеќерната репка намакедонските ниви. Тогаш на сопствениците на едниствениот откупувач на шеќерна репка Битолската шеќерана, министерот им го пренесеставот на Владата дека шеќерната репка мора да се врати во структурата на земјоделското производство, се со цел, да се добие шеќер од сопствено производство како стратешки производ и земјоделците да добијат добри можности за заработка. Но, до ден денес нема ниту декар со шеќерна репка. Субвенциите за засеан хектар шеќерна репа се 9000 денари. За неискористеноста на субвенциите за шеќерна репка побаравме став и од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, но не добивме одговор. Производството во Македонија неисплатливо?! Земјоделците и по три години сеуште се скептични и сметаат дела производството на шеќерната репка е неисплатливо. - Не може да биде исплатливо, шеќерот се продава по 30 до 45 денари, репката се откупуваше три денари за килограм, ништо не покрива. А, тоа е тешка култура, има многу обработка, и мислам дека не е исплатлива, вели земјоделец од Битолско.Единствениот откупувач на шеќерна репка беше Битолската шеќерана “4 Ноември”, која пред неколку години ја купи бугарски “Литекс”, и која што веќе пет години се потпира на увозна суровина за работа. Репката престана да се откупува во 2008 година. Порано само во Пелагонија се садеа околу 5.000 хектари со шеќерна репка, и во фабриката се преработуваа 160.000 тони. Сега се произведуваат годишно 50.000 тони шеќер добиен од нерафиниран жолт шеќер. Цената на произведениот шеќер е директно зависна од цената на суровината на светските берзи, од што крајно зависи и цената на шеќерот во малопродажбата.
Ј.С* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.