Шекеринска: Наша цел е да го одблокираме Собранието
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 20:40
Радмила Шекеринска во гостувањето на емисијата „Отворено“ на ТВ 24 објасни на кој начин ќе продолжи да работи Собранието и дали ќе го применат своето мнозинство за да го надгласаат ВМРО-ДПМНЕ или пак сеуште ќе одат на принцип на претходен договор и компромис.
„Бидејќи ВМРО ДПМНЕ така се поставува и ние како парламентарно мнозинство така ќе се поставиме во иднина. Сега од Трајко Велјановски зависи дали ќе го закаже продолжението на конститутивната седница или не . Утре парламентарното мнозинство може ќе одлучи дека некои комисии ќе имаат и нов состав. Можеби ќе се случи Илија Димовски да го следи примерот на Оливер Андонов, тој беше министер за внатрешни со најкус мандат, може Димовски сака да му се приближи со рекорд“ изјави Радмила Шекеринска .
Клучното прашање е кој ќе биде претседател на Собрание за да може да закажува седници и да функционира и после извесен период да избере нова Влада.
Во овој момент наша цел е да се стави крај на блокирано и затворено собрание и наша цел е тоа да се случи и ќе преземеме се тоа да се случи. Ако одлучи парламентарното мнозинство тогаш Димовски ќе биде претседател на комисија за избори и именување-рече заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска во емисијата на Тв 24 Отворено.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




