Шекеринска тажно ја испрати сестра и во странство, но вети живот во Македонија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2016 20:30
Радмила Шекеринска од митингот на СДСМ во Кичево порача дека по промената на власта во Македонија ќе има живот, но таа е тажна бидејќи вечерва се збогува со семејството на нејзината сестра која е принудена да се пресели во странство.
- Вечерва се враќам од Кичево во Скопје за да ја испратам мојата сестра со семејството в странство. Ќе има подобар живот таму, но тажна сум, затоа што нашите деца повеќе нема да спијат заедно, нема да се гушкаат со своите баби и дедовци, рече потпретседателката на СДСМ.
Таа го обвини Груевски за алчност во 10 годишното владеење во кое биле запоставени интересите на сите граѓани.- Десет години ги интересираа провизии, „мерецедеси“ со масажери, плацеви на Водно кои ги оградуваа со потпорни ѕидови за народот да не може да ги види. Ни поминаа десет години со крадење, лажење, рече Радмила Шекеринска, носителка на листата на пратеници во изборната единица 5.
- Со Груевски нема живот за никој во Македонија. Нема живот дури ни за членовите а ВМРО-ДПМНЕ, кои мора да одат на митинг, на контрамитинг, да обезбедуваат списоци со сигурни гласачи – рече Шекеринска.
Доста е, после десет години не почнувате, после десет години завршувате, порача Шекеринска од митингот во Кичево.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




