Шекеринска: Важно е преговарачкиот процес со Грција да успее
Објавено во: Македонија 20 Април, 2018 15:56
Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека се фокусирани до крајот на јуни да најдат решение за спорот за името, за да во јули се случи пресврт и Македонија да добие покана за членство во НАТО.
Таа додава дека е важно преговарачкиот процес со Грција да успее.
„Сакам да нагласам дека во таков случај, во јули Македонија нема да стане членка на НАТО, туку само ќе добие покана за членство, по што ќе уследи процесот на ратификации. Тоа значи дека нашиот јужен сосед ќе има уште една шанса да го блокира нашиот прием, доколку не постигнеме решение за спорот. Секое одлагање на решението е на наша штета, бидејќи важен е и тајмингот. Идната година во Македонија се претседателските избори, во Грција се европските избори и затоа мислам дека треба да вложиме напори да дојдеме до решение“ – изјави Шекеринска.
Таа од САД очекува поддршка за приемот во НАТО.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




