Шешељ повикан да се врати во Хаг
Објавено во: Балкан 30 Март, 2015 12:41
Судскиот совет на Хашкиот трибунал за жалби нареди денеска лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ да се врати во притвор во Хашкиот трибунал од привремена слобода во Србија.
Советот таа одлука ја донел усвојувајќи ја жалбата на тужителот.
Судскиот совет со расправата со кој му судел на Шешељ, наложил „веднаш да се отповика одлуката на привремено солободување на Шешељ и наредил да се врати во притвор“.
Шешељ, обвинет за злосторства над Хрватите и Муслиманите во Хрватска, Војводина и БиХ, 1991-93 првостепено Судскиот совет го пушти на привремена слобода во ноември минатата година.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




