16 Декември, 2025
0.0351

Шешељ среќен поради запаленото хрватско знаме

Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 18:45

Добивај вести на Viber

Лидерот на СРС Војислав Шешељ вели дека е радосен што против него е покрената кривична постапка поради палење на хрватското знаме пред Палатата на правдата. Ме израдува веста дека обвинителството покренало кривична постапка. Тоа е уште еден знак дека Александар Вучиќ ја изгубил главата, дека не знае што прави. Се ќе му се одбие од глава“, рекол Шешељ пред новинарите во Белград. „Јас сум среќен што го запалив усташкото хрватско знаме и едвај чекам да почне таа постапка“, рече Шешељ пред новинарите кои беа пред Палатата каде почна судски процес против неговиот заменик Немања Шаровиќ поради палењето на знамето на САД во 2012  година. Запрашан зошто го запалил хрватското знаме, Шешељ рекол: „Затоа што Хрватска ја окупира Република Српска, извршила во Втората светска војна геноцид над Србите и протерала стотици илјади Срби“. После тоа, Шешељ повторни дека во Хаг нема да се врати доброволно и потсети дека таму со своја волја отишол пред 12 години, но дека сега тоа не го сака. „Вучиќ можеби ќе пушти некоја крокодилска солза, малку ќе прави гримаси ... но на крај ќе ги исполни налозите и тоа се ќе му се одбие од глава“, додал Шешељ. Oбвинителството на Хашкиот трибунал ја објави одлуката за жалбата на Обвинителството на одлука по барање на Обвинителството да се повлече привременото пуштање на слобода Војислав Шешељ. Одлуката е напишана на српски јазик, како што барал претседателот на СРС, бидејќи претходно одбил да ја прими одлуката на англиски јазик. Oбвинителството тврди дека  Судскиот совет погрешил во примената на правото поради тоа што не разгледал дали предусловите за привремено пуштање на Шешељ на слобода и понатаму се исполнети, посебно во светло на неговите изјави дека нема да се врати во Меѓународниот суд. Исто така се наведува дека Судскиот совет не разгледал дали оценката на Судскиот совет привременото пуштање на Шешељ на слобода треба да биде регулирано со минимални услови и понатаму е валидна.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството