05 Декември, 2025
0.1241

Шеснаесет македонски фармери ќе заминат во Холандија

Објавено во: Агробизнис 20 Јуни, 2013 19:58

Добивај вести на Viber

Шеснаесет фармери од Македонија ќе заминат за Холандија на обука за стекнување стручно образование за управување на земјоделски задруги. Федерација на фармерите на Република Македонија во партнерство со„ Horti-Match“ од Холандија го објави огласот за учество на обуката која опфаќа 14 дневен престој во Холандија за време на есенскиот период. Ќе се изучуваат притоа теми кои се клучни за воспоставување на успешно управување со земјоделски задруги, како организациски модели, трендови и предизвици, претприемништво, поддршка на ранливи групи, како и посета на задруги.
Трошоците за храна и сместување, обуката и повратен авионски билет до Холандија се покриени од програмата. Истоа така, информативни сесии за културна и јазична подготовка на учесниците ќе се реализираат во летниот период од страна на Фондацијата Агро-Центар за Едукација. Краен рок за пријавување е 23-ти јуни, до 23 часот.
     

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?