26 Јуни, 2024
0.0294

ШЕСТ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА СТАН: Објавен јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Демир Капија

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

16 социјално ранливи семејства од Демир Капија наскоро ќе добијат топол дом и шанса за нов, многу похуман почеток .За жителите на овој град денеска е распишан повик кој ќе трае заклучно со 27 Март. Изразувајќи задоволство од фактот што  вакви повици беа објавени во краток временски период во повеќе општини, помошник директорот за градба при АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје, Билјана Главинчевска- Вранишкоска посочи дека на терен интензивно се одвива изградба на повеќе објекти од овој тип.“Во моментов, активно работиме на изведба на објектите наменети за лица во социјален ризик и тоа во: Скопје- Бутел, Дебар,Кочани (Ламела 3) и Велес. Планирано е да се отпочне со изградба на објектите во: Прилеп, Штип, Сарај и Пехчево.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ги повика заинтересираните лица да аплицираат во Центарот за социјални работи во Неготино чии службеници, доколку имаат потреба, ќе им помогнат во процесот на комплетирањето на документацијата. На располагање ќе им бидат и вработените во општината Демир Капија.  Право на пријавување имаат следните категории граѓани: Деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.“ Секој граѓанин заслужува топол дом и кров над глава и затоа мораме да истраеме во нашите настојувања даим помогнеме на оние на коишто тоа им е најпотребно. Апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат во Центарот за социјални работи во Неготино,но да внимаваат во која категорија ,со цел нивното барање да биде прифатено од страна на Комисијата’’, рече Бочварски. Во насока на континуираната грижа на Владата за соцојално ранливите категории граѓани тој посочи дека  минатата година  беа распределени најголем број социјални згради и тоа  во  4 општини, а оваа година објектот во Демир Капија е втор. Следниот повик за распределба ќе се однесува на  социјалната зграда во Неготино, и според очекувањата ќе биде распишан во април.


Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“