Шест миризливи предлози за совршен новогодишен подарок
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2016 09:00
Новогодишните и божиќните празници се совршен период да им покажете на најблиските колку ги сакате и почитувате, а најдобар начин да го сторите тоа е со соодветен подарок. Изборот е широк, но козметичката компанијата Avon издвојува листа на шест сетови од нивната палета кои биле најпродавани во 2016. година и воедно пријатно ќе ги изненадат и најпребирливите. Во комплетите доминантни се опојните мириси, но збогатени се и со различни типови на декоративна шминка и козметика.

Компанијата на крајот на септември го претстави ексклузивниот парфем Avon Life креиран од светски познатиот дизајнер Кензо Такада. Тој создаде машка и женска варијанта под мотото „Живеј прекрасен живот“, а главна состојка е темјанушката. Се работи за цвет кој е ценет поради неговите ливчиња кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. На листата на најпродавани е и ексклузивниот сет Luxe кој содржи маскара, парфем и мини – спреј.Маскарата дава гламурозен изглед, а четкичката се приспособува за совршена дефиниција и интензитет на трепките од коренот до врвовите. Парфемот и мини – спрејот се микс на раскошните магнолија, опоен јасмин и луксузната гарденија.

Меѓу најбараните производи од македонските потрошувачи е и комплетот Attraction за мажи и за жени. Во машкиот сет се наоѓаат тоалетна вода, шампон и гел за туширање и балсам за после бричење додека женскиот е составен од лосион за тело, парфем и мини – спреј. Главната компонента на овие сетови е магнетниот мошус кој ги прави неодоливи и ги издвојува од останатите. Во сетот Today наменет само за припадничките на понежниот пол има парфем и гел за туширање, а машкото „пакетче“ содржи мирис, балсам за после бричење и гел за туширање кои се микс на коријандер, дива жалфија и рус антилоп.


Avon на жените им го нуди и комплетот Dreams во кој има парфем, путер за тело и спреј кои се креирани на база на водна слива, роза центифолија и дрвени ноти. Идеален подарок за саканата е и Avon Cherish со парфем, лосион за тело и гел за туширање и во кои има екстракти од црешов цвет, скапоцениот мошус и кремасто сандалово дрво.

Повеќе информации за производите на Avon може да се најдат на веб-страницата на компанијата
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/home_page.page
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




