20 Декември, 2025
0.0533

Шест судски институции сертифицирани за ISO 9001:2015 со поддршка на УСАИД

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2017 13:11

Добивај вести на Viber

На 26 јануари 2017 година, шест судски институции добија сертификати за стандардот за квалитет ISO 9001:2015 во рамки на поддршката на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето  на организациите. Судскиот совет на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија и четирите апелациони судови во Скопје, Штип, Битола и Гостивар не само што се првите судски институции сертифицирани за овој стандард за управување со квалитет, туку се и првите јавни институции во земјата кои се сертифицирани за најновата верзија на овој стандард.

Воведувањето на ISO стандардот се спроведе во текот на 2015 и 2016 година. Процесот вклучи: 1) првични подготовки и проверки на севкупната документација, 2) развивање политика за квалитет и прирачник за квалитет, 3) мапирање на контекстот на организацијата, системските и оперативните процеси и процедури, 4) анализа на ризици и развој  на клучни показатели на успехот, 5) подготовка и сертификација на интерни проверувачи и спроведување интерна проверка. По завршувањето на интерните проверки во вклучените институции беше спроведена сертификациска проверка при што беше констатирано дека сите шест институции ги исполнуваат критериумите за добивање сертификат ISO 9001:2015. Процесот на воведување ISO 9001 беше спроведен со поддршка на консултантската компанија Евросимовски, а сертификатите ги издаде акредитираното сертификацискo тело zа ISO 9001:2015 Интерцерт.

Во неговото обраќање, Директорот на Мисијата на УСАИД ЏејмсСтajн изјави: „Во изминатите 25 години, УСАИД и помогна на Македонија во воспоставувањето ефикасен и транспарентен судски систем и работеше на зајакнување на капацитетите на судовите за поефективна и поконзистентна примена на судските политики и практики.Во рамки на Програмата за подобрување на работењето на организациите, УСАИД им помогна на судските институции во поефективно спроведување на процесите на набавки, а со тоа и во исполнување на нивните законски обврски за воведување системи за управување со квалитет.Посветените членови на тимовите за управување со квалитет во вашите судови, заедно со членовите на тимот на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите и консултантите, дизајнираа и спроведоа иновативен и партиципативен процес за воведување на ИСО стандардот. Овој процес е целосно применлив и во другите судови и треба да биде имплементиран на национално ниво“.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во своето обраќање изјави: „Изминатиот период работевме на почетно воведување на стандардот ИСО 9001:2015 година и особено сме горди што ја воведовме најновата верзија на стандардот„. Г. Караџовски исто така изјави дека овој процес не би бил возможен без поддршката на УСАИД. „Активностите во следните две години од процесот на сертификација ќе бидат насочени  кон преиспитување на процесите и процедурите и подобрување на ефикасноста и ефективноста на горенаведените судски органи“.

Директорката на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите Валбона Морина Максут изјави дека квалитетот, ефикасноста и независноста се клучните компоненти на ефективниот судски систем преку кој се гарантираат и основните човекови права и се поддржува економскиот развој на земјата.

Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите во Македонија има за цел да го подобри работењето на одредени институции кои се сметаат клучни за развојот на земјата и за целите на Мисијата на УСАИД во Македонија. Во текот на програмата беа спроведени интервенции за подобрување на работењето во следните седум организации: Секретаријатот за Европски прашања, Инспекцискиот совет на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Стручната служба на Судскиот буџетски совет, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Фондацијата Чекор по чекор и Центарот за стратегиски истражувања и документација – Форум.  Како резултат, структурите и процесите на овие организации беа подобрени, а вештините и знаењето на нивните вработени зголемени.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии