Добивај вести на Viber
Два милиона евра се предвидени да се доделат во рамките на шестиот јавен повик за маркетиншка поддршка на земјоделските производи во примарното производство и во преработувачките капацитети. Повикот е веќе објавен, а сите заинтересирани до крајот на декември ќе можат да аплицираат за кофинансирање на инвестициите. .
Како што соопшти директорот на Платежната агенција Тони Димовски, ова е продолжување на мерките за унапредување на земјоделството со воведување нова опрема и механизација.
„Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Корисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства“, изјави Димовски.
Истовремено тече и петтиот оглас за поддршка на извезено флаширано вино, преработен зеленчук извезен во стаклена амбалажа и на извезен ориз во пакување, потсети заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
„Преку обезбедените средства за маркетинг на земјоделските производи директно им помагаме на извозно ориентираните преработувачки компании“, изјави тој појаснувајќи дека со јавниот повик, компаниите што го пласираат виното надвор од земјава ќе добијат средства за покривање 20 отсто од трошоците за етикети, купување шишиња, тапи и ПВЦ навлаки или максимум шест денари од шише.
Со истиот повик, преработувачите на зеленчук и овошје добиваат до два денара од тегла, за набавка на тегли, метален капак и етикети. Преработувачите пак кои годинава оствариле поголем извоз од лани ќе користат поголема поддршка, до четири денари за тегла. Лани биле извезени 1,150 милиони хектолитри вино, а рекореден пласман има во индустријата за преработка на овошје и зеленчик.
Според Коњановски расте интересот за формирање задруги, а објавениот оглас, вели тој, е уште една потврда за поддршката на проивзодителите кои својата иднина ја гледаат здружени во кооперативи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: