06 Декември, 2025
0.0555

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Април, 2021 21:22

Добивај вести на Viber

Донесен e 6-от пакет антикризни економски мерки. 

Владата на денешната 66-та седница го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, но и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.

Првата кредитна линија од овој пакет е за поддршка на медиуми со која ќе бидат опфатени 55 компании за поддршка на нивната ликвидност преку креирање на посебна кредитна линија во износ од 61.500.000 денари, со 0% каматна стапка.

Следната мерка од овој пакет е за поддршка на ликвидност на 2.600 компании во вкупна висина од 123.000.000 денари за деловни субјекти кои оствариле и ја ре-инвестирале добивката за 2020 година и таа ќе се реализира со субвенционирање на каматни стапки по основ на одобрени кредити за ликвидност и обртни средства од деловните банки со максимален износ до 10% од остварената добивка на деловните субјекти во 2020 година.

Мерката 3 предвидува финансиска поддршка за угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30, односно околу 6.000 компании во кои до 06.04.2021 година работеле околу 17.000 вработени.

Како основа за пресметка на оваа поддршка се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 и 2020 година, на кои се аплицира месечен износ за компензација од 30%, кој ќе биде помножен со соодносот на бројот на денови колку што овие дејности се затворени.

Со оваа мерка се опфатени и компании од овие дејности кои се регистрирани после 2019 година и за нив како основ за пресметка ќе бидат земени просечните месечни приходи од денот на основање до крајот на 2020 година. Дополнително, секој регистриран активен субјект од дејностите опфатени со шифрите 56.10, 56.29 и 56.30 ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2021.

Со четвртата мерка се овозможува финансиска поддршка за приватни детски одморалишта, ноќни клубови, игротеки, ресторани за свадби, компании од индустријата организирање настани (ивент индустрија), фитнес центри, фотографи и фотографски студија, односно околу 1.200 компании.

Како основа за пресметка на финансиската поддршка за овие правни субјекти се земаат просечните приходи остварени во 2019 година, на кои се аплицира месечен износ за компензација од 30%. Дополнително, сите компании опфатени со оваа мерка ќе добијат финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Со мерка 5 од шестиот пакет се обезбедува финансиска поддршка на туристички агенции со која ќе бидат опфатени околу 300 компании, и тоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат по 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат по 3.000 евра. Вкупната вредност на оваа мерка изнесува 86.100.000 денари.

Мерка 6 е наменета за финансиска поддршка на 786 естрадни музичари, 110 туристички водичи, членови на еснафските здруженија на музичари, како и на сите физички лица кои се регистрирани како лиценцирани туристички водичи во регистарот на Министерството за Економија кои во текот на 2020 година, и кои, како физички лица, имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Со мерката 7 од шестиот антиковид пакет на Владата на Северна Македонија ќе бидат обезбедени бесплатни ковид тестови за странски туристи кои ќе престојуваат во државата. Се работи за 50.000 тестови вредни 30.750.000 денари за бесплатно тестирање на странски туристи со цел да ги запазат здравствените протоколи во државата како гаранција за туристите кои ќе ја посетат нашата држава дека без дополнителни трошоци ќе бидат спремни да се вратат во земјата од каде доаѓаат или да го продолжат своето патување во друга земја.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?