05 Декември, 2025
0.0731

Шестиот повик за изградба на мали хидроцентрали со олеснети услови за заинтересираните

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2014 14:55

Добивај вести на Viber

Во потрага по инвеститори, Владата ги менува условите за доделување концесија за изградба на мали хидроцентрали. Од почетокот на месецов е објавен шестиот јавен повик за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 мали хидроелектрични централи. Заради зголемување на атрактивноста и процентот на реализација, на шестиот повик, предвидена е промена на концептот за фидинг тарифи за малите хидроцентрали, а олеснет и поевтинет е и приклучокот на дистрибутивната мрежа. „Со промената на концептот на фидинг тарифи се предлага модел со блок тарифа во зависност од инсталираната моќност на хидроелектричната централа. Централите ќе бидат групирани во неколку групи и може да се очекува кај помалите централи со моќност до 1,5 мегавати фидинг тарифата да се зголеми од 4 до 6 проценти, додека кај некои кои се над 2 мегавати можно е и нејзино намалување“, појасни вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Право на учество на повикот имаат сите домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат бараните услови, а доколку се изградат сите предивени 80 мали хидроцентрали вкупната инвестиција се предвидува да изнесува 170 милиони евра, а нивната инсталирана моќ да биде 63 мегавати. „Направени се измени и дополнувања на мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на ЕВН Македонија, кои се одобрени од Регулаторната комисија за енергетика. Во нив е предвидена посебна глава за приклучок на малите централи во дистрибутивната мрежа, проблем со кој често се соочуваа инвеститорите, а намален е и трошокот за приклучување на мрежата“, рече Пешевски. Од 80 планирани мали хидроцентрали, 48 локации се групирани во 16 групи што значи дека еден инвеститор ќе треба да гради од две до четири хидроцентрали, а 32 се поединечно понудени. Периодот на концесија е 23 години од кои три за изградба и 20 концесија за искористување на водата. Според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, изградбата на малите хидроцентрали ќе значи подобрување на животната средина, намалување на ефектите од климатските промени и зголемување на процентот на искористување на обновливите извори на енергија. Во досега објавените пет повици за изградба на мали хидроцентрали низ Македонија потпишани се 67 договори, а целосно се изградени 14 мали хидроелектрани. Останатите се во фаза на градба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“