26 Јануари, 2025
0.0270

Шилегов: Ѓорчев не заслужува подобро од мене

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, во интервју за „Независен“ даде објаснување како Скопје влезе во најтесниот избор од седум европски градови за Зелена престолнина. Тој вели дека критериумите не важат за актуелната состојба, туку во предвид се земаат плановите и долгорочните мерки за во иднина.

- Скопје да се кандидира за зелена престолнина е мое предизборно ветување. Јавноста, веројатно поради името, доби впечаток дека може да аплицираат зелени оази, но апликацијата опфаќа 12 области и мери стратегии и планови со кои сте стартувале, кои се спроведуваат и до каде треба да стигнат во 2021 година. Апликанти се 23 градови од Европа, а во втората фаза влезе Скопје заедно со 7 градови. Тоа за мене е верификација на политиките и стратегиите што ги спроведувал Градот изминатата година. Дел се видливи, дел не се видливи за јавноста. Граѓаните не знаат, на пример, што работи ГЕС, но претпријатието е дел од нашата енергетска стратегија. Не се видливи ниту новите комунални возила, но почната е набавката, исто како и за новите автобуси. Европската комисија смета дека сме заслужиле да влеземе во втората фаза, но тоа за мене е верификација дека нашите политики се исправни и нè водат на добар пат. Мене ме радува што Европа моите одлуки ги смета за квалитетни.

Им се извини на граѓаните за играњето игри на мобилен телефон за време на собраниската расправа за загадувањето. Во моментот додека Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше на говорницата, Шилегов играше на својот мобилен.

- Да, беше гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните, ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа, всушност, е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави, лицемерните и лажни политички пароли и погрешниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ, кои се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот, а ние мора да живееме во последиците од нивните паушални политики и говори. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани