Шилегов: Наместо нови 6000 вработувања само лажни ветувања во Ранковце
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Петре Шилегов од СДСМ продолжи како што тврди со со разоткривање на лажните ветување на Никола Груевски за инвестициски бум низ државата со тоа што најавените инвеститори никаде ги нема, а економијата тоне со голема невработеност.
- Пустелија во реалноста изгледаат инвестициите на Никола Груевски што помпезно ги најавува! Пустелијата од инвестициите ја опустошија Македонија! Младите заминуваат токму заради овие пустелии!, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, денеска од местото каде што во општина Ранковци требаше да се гради фабрика на труската компанија Веибо, посочи Шилегов.
- Овде Груевски вети 6.000 работни места. Никогаш не се остварија. Не се инвестираа ветените 400 милиони евра!Никола Груевски сурово излажа! Овде има само раскопано земјиште. Ги нема никаде 10-те фабрики и погоните на Веибо во коишто требаше масовно да се вработуваат граѓани, рече Шилегов.