19 Декември, 2025
0.0467

Шојбле: Нема значителни нови предлози од Грција

Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 14:44

Добивај вести на Viber

Грција не обезбедила „суштински предлози“ од минатата недела наваму и под овие услови самитот на еврозоната денеска во Брисел „ќе и даде релативно мал придонес“.

Тоа го изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, цитиран од „Франс прес“.

Денес ќе има можност да се направи првична проценка, тоа е добра основа за други разговори, увери за возврат шефот на Еврогрупата Јерун Деиселблум при пристигнувањето на средбата на министрите за финансии од еврозоната во Брисел, која ќе се одржи пред самитот на лидерите од монетарната унија.

Според информации во странските медиуми Атина испратила ревидирана верзија на предлозите за реформите, вклучувајќи го постепено зголемувањето на возраста за пензија на 67 години, воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23%, задржувајќи 13% ДДВ за енергијата и основните прехранбени производи и 6% за лекови и книги.

Претходно Европската комисија потврдила дека добила нови предлози на Атина за реформите во замена за деблокирање на финансиската помош и претстои тие да бидат разгледани. Во моментов ЕК не може да прогнозира ништо, но „има шанси за напредок“, соопштиле од Брисел.

Грчки владин претставник коментирал за Ројтерс дека последниот предлог доставен на кредиторите, е доказ за желбата на Грција да постигне договор со кредиторите и сега е ред на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да го направат следниот чекор.

Беше постигнат одреден напредок во последните неколку дена, но се уште не сме постигнале договор, коментирал Јункер и додал дека не е сигурен дали преговарачките страни ќе постигнат согласност на денешната средба во Брисел.

Претходно канцеларката на Германија Ангела Меркел изјавила дека решение за проблемот со грчкиот долг може да биде прифатено само ако, ММФ, Европската централна банка и Европската комисија (ЕК) дадат позитивна оценка на новите предлози на Атина.

Меркел додала дека позицијата на трите институции е многу важна и од нив зависи дали финансиските министри ќе донесат одлука.

Во меѓувреме, Европската централна банка (ЕЦБ) повторно го зголеми нивото на итната помош за грчките банки.

Ова го соопшти АФП, повикувајќи се на извор од банкарските кругови во Грција. Износот со кој е зголемен Фондот, не е познат. Изворот прецизирал дека Управниот одбор на ЕЦБ може да одржи седница во секој момент за да донесе одлука за нова помош, доколку тоа го бараат и во зависност од резултатот од разговорите на грчката криза во Брисел.

Грција нема да склучи договор со кредиторите во кој се предвидени намалување на пензиите, силно поскапување на струјата или преголем буџетски суфицит, објавил грчкиот премиер Алексис Ципрас при пристигнувањето во Брисел на состанок за грчката криза.

Тој посочи дека „клучните“ услови за потпишување на договор ги завршиле со прекумерните примарни вишоци, спасување на платите и пензиите, спречување на премногу големото и неразумно поскапување на струјата, наплата на нормалните работни односи и поддршка на структурните реформи, кои имаат за цел преразпределување на финансискиот товар, борба против неплаќањето на даноците и корупцијата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен