26 Ноември, 2024
0.0298

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ВО ВЛАДАТА ПО ЕДНА ГОДИНА СЛЕДЕЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА - за огромен процент се покажало дека не сработиле ништо

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Предмиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на јавниот сервис откри многу интерсни сознанија за тоа колку дел од јавната администрација не си ја работела својата работа за која е платена. 

Мора да се потсредиме, мора ние функционерите да бидеме пример за сите. Сите директори кои Владата ќе ги именува треба да знаат дека кршење на закон ќе значи затвор, а неетичко однесување ќе значи оставка или разрешување, нагласи Заев пред новинарите.  

„И на крајот, треба да работиме. Го кажав во експозето, го кажувам и сега. Не може наутро, одиме на работа, во 8 часот или во 8.30, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, да искоментираме нешто, и надвор. Забележуваат луѓето, ни кажуваат - администрацијата ви шета, не работи. А најголем дел од парите од буџетот одат за асминистрацијата. Не може така, работното време е 8 часа. Значи и да не е добар работник, кога ќе седи осум часа на работа, ќе смисли некоја работа, па ќе сработи некој предмет повеќе. Еве кажувам еден пример. Во Владата пред една година поставивме комплетен механизам на следење на работата на администрацијата - во Генерален секретаријат и во Кабинетот на премиерот. Инаку, јас кога дојдов како претседател на Владата останаа сите луѓе да работат, се разбира тие што сакаат да работат. Некои сами заминаа, отидоа во други институции. И сега, врзан е целиот систем на предмет во архива. И ако немаш предмет, немаш во архива задолжено предмет, ти немаш што да работиш. Значи, ти можеш да доаѓаш секој ден и да си се отчукуваш со картичката секое утро и секое попладне, ама ништо не си сработил. 

И огромен е процентот на луѓе за кои се покажало дека после таа година, не работеле ништо. Што треба сега да направи премиерот и генералниот секретар. Треба да им каже - фала дечки, нема потреба од вашето работно место. Или, нема предмети за вас, или не ги работите предметите. Ефикасноста мора да ја зголемиме. Велиме ќе ја достигнеме платата до 34 илјади денари, но таа плата треба да се сработи. Инаку, има огромен врој луѓе кои земаат 40 илјади денари плата, а работат за 80 илјади. Но има гполем процент луѓе кои не си ја сработуваат работата за платата што ја добиваат“, беше категоричен првиот човек на Владата.   

Додаде и како мора вистински да функционира правдата за сите граѓани. 

„Правдата за граѓаните значи полицаецот не само да ги казнува сиромашните, туку и богатите, а не богатиот да не го казнува затоа што му завршил некоја работа. Или, инспекторот оди во фирма за да го заштити работникот, а му се јавува на газдара дека ќе дојде во контрола. Тоа не е правда“, нагласи премиерот Заев. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје