12 Декември, 2024
0.0263

ШОЛЦ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ПУТИН ЗА УКРАИНА: Oдносите со Берлин се „на нула“, но Москва е отворена за дијалог

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека планира наскоро да ги продолжи разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи ескалација на војната во Украина.

„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистински момент. Но, јас сум одговорен политичар, не го правам тоа сам“, изјави Шолц за државната телевизија АРД.

Тој додаде дека за разговор со Путин потребни се бројни контакти и разговори со други, а за овој проблем треба да се разговара и со Украина.

„Тие треба да одлучат дали војната ќе продолжи“

На прашањето кога би било вистинското време за разговор со Путин, Шолц одговори дека ќе биде „наскоро“. „Мора да се осигура дека Украина може да се потпре на нас и на другите и дека не мора да се плаши да биде сама. И во исто време, правиме се што можеме за да спречиме ескалација на оваа војна“, рече Шолц.

Тој додаде дека „тие“ мора да одлучат дали војната ќе продолжи на неодредено време или може да се најдат начини за нејзино завршување.

Шолц веќе ја покажа својата подготвеност да разговара со Путин за праведен мир во Украина во средината на октомври. Последен пат тој имаше телефонски разговор со рускиот претседател во декември 2022 година.

Германскиот канцелар постојано бараше дипломатско решение и повлекување на руските војници од Украина. Официјална Москва на почетокот на октомври објави дека Путин е отворен за дијалог, дури и ако односите со Берлин се „на нула“.

фото: EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија