Добивај вести на Viber
ЕК им го одобри барањето на шпанските власти да го продолжат рокот до 31 декември 2013 година, во кој се ограничува овој пазар за работа на романски и бугарски работници. Ваквата одлука е донесена поради сериозните проблеми на пазарот на трудот во Шпанија, се вели во соопштение на ЕК.
Шпанија го отвори пазарот на трудот за Романци и Бугари во 2009 година, но во август 2011 година Комисијата одлучи Шпанија времено да го ограничи слободно движење на романските и бугарски работници до 31 декември 2012 година.
Невработеноста во Шпанија е на рекордно високо ниво - 26, 2 отсто, а кај младите тој процент е 55,9 отсто.