16 Декември, 2025
0.0371

Шпанската влада се дистанцира од скандалот со поранешниот шеф на ММФ

Објавено во: Економија, Свет 17 Април, 2015 22:09

Добивај вести на Viber

Шпанската влада се дистанцира од скандалот со поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Родриго Рато, кој е осомничен за финансиски измами и перење пари, пренесува "Ројтерс". Запрашани за Рато, министри од кабинетот одговараат дека проверката сеуште тече и дека законот се почитува, без разлика дали станува збор за владејачката партија и соработници на премиерот. Потсетуваме дека 66-годишниот Рато беше уапсен во неговиот дом во Мадрид од даночните власти во Шпанија. Даночната полиција го претресе неговиот дом во текот на три часа. Малку подоцна Рато беше ослободен. Тој веќе беше под истрага за измами уште додека ја вршеше функцијата извршен директор на шпанската банка "Банкиа". Рато беше член на шпанската Народна партија и министер за финансии (1996-2004) во конзервативното управување на премиерот Хозе Марија Азнар, и водечка фигура. 66-годишниот Рато управуваше со ММФ во периодот 2004-2007 година, а стана директор на "Банкиа" во 2010 година, но поднесе оставка две години подоцна. Во 2012 година поднесе документи за даночна амнестија.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност