Шпанскиот Сенат гласаше, сите земји го ратификуваа пристапот на Македонија во НАТО

Објавено во: Македонија 17 Март, 2020 13:22
Сите 29 земји-членки на НАТО го ратификуваа членството на Македонија во Алијансата, откако тоа денеска го стори и шпанскиот Сенат со ниту еден глас против на пленарна седница која беше специјално организирана за да не се одолговлекува дополнително приемот на земјата.
- Таа сега ќе го депонира инструментот на ратификација во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме нашиот инструмент, односно законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието, рече денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера на која во живо се следеше гласањето.
Честиташе и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напиша дека во овие тешки моменти ова е добра вест за земјата.
„Република Северна Македонија - 30 членка на НАТО! Извонреден гест на Шпанија во извонредно тешки околности. Шпанскиот Сенат го ратификуваше протоколот за членство во НАТО без ниту еден глас против! Со тоа заврши процесот на ратификација во сите 29 земји членки на НАТО, наши сојузници. Почитувани граѓани, ви честитам за добрата вест во овие тешки моменти“, напиша Шекеринска.
Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.
На седницата на шпанскиот Сенат единствено физички присуствуваше претседателот Пилар Лоп и уште неколкумина.
Можеби ќе ве интересира
Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците
