Шпанските спортисти се враќаат на терените, но ќе имаат само тренинг
Објавено во: Свет, Спорт 29 Април, 2020 07:42
Владата на Шпанија синоќа соопшти
дека професионалните спортисти ќе може да ги продолжат тренинзите веќе од
почетокот на следната недела, со тоа што шпанскиот владин кабинет ја одреди
т.н. „мапа на патот„ за постепено укинување на карантинските мерки кои
претходно беа воведени за спречување на ширењето на вирусот во земјата.
-Тоа ќе се спроведува во неколку фази, а во првата фаза ќе има олабавување на мерките кои се однесуваат на спортистите, ним ќе им бидат дозволени основни тренинзи од понеделник, изјави шпанскиот премиер Педро Санчес.
Сепак, Санчес наведе дека спортските објекти ќе бидат отворени во текот на втората фаза, но и тоа ќе зависи од ситуацијата во одредени региони во Шпанија, но не најави кога може да се очекува продолжување на спортските натпревари.
Шпанската фудбалска лига претходно соопшти дека не планира натпреварите да почнат пред крајот на мај. Лигата на клубовите им испратила и детален протокол со безбедни насоки за тоа како да се вратат на тренинзите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена





