13 Декември, 2025
0.0354

Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј на Штаермеркише Шпаркасе

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2025 13:04

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење.

Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа реномирана банкарска институција веќе два века ја пружа на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото „Светот на иднината“ – (#TheWorldOfTomorrow), Групацијата Штаермеркише Шпаркасепраќа силна порака за иднината – дека со заедничка посветеност можеме да создадеме подобар свет за сите нас.

-  „Во 2025 година славиме 200 години постоење, историја и визија. Горди сме што Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од банкарска групација Штаермеркише Шпаркасесо полни два века искуство, а истовремено предводник на новите генерации клиенти и вработени, кои гледаат кон иднината со сигурност и оптимизам. Нашата улога не е само финансиска, без разлика дали се млади корисници, мали бизниси или големи корпорации – ние сме присутни таму каде што навистина значи. Веруваме во долгорочни односи, па затоа нашата мисија останува иста, со нашите клиенти да бидеме партнер од доверба, кој ги разбира потребите на луѓето и активно придонесува кон развојот на заедницата“ – изјави г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Во време на забрзани промени, Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да гради стабилна основа, притоа инвестирајќи во иновации, во луѓе и во заедницата. Во текот на оваа година, како и во досегашното дејствување, Банката ќе се посвети на директни инвестиции во заедницата преку поддршка на клучни сегменти, и тоа: едукација и финансиско здравје, грижа за животната средина, одржлива и зелена економија, култура, спорт и проекти за одржливост.

Во чест на својата 200-годишна традиција, групацијата Штаермеркише Шпаркасезапочнува јубилејна кампања посветена на прашањата што го обликуваат нашето општество и иднина. Кампањата се фокусира на важни теми какви што се: Каков ќе биде светот во кој ќе живееш? Што те инспирира и ќе ти донесе радост? Какви предизвици те чекаат и со кого ќе ги споделиш?


Иако не можеме да предвидиме точно каква ќе биде иднината, искуството од 200 години покажува дека вербата во секој поединец е најголемиот двигател за напредок. Заедно можеме да поместиме планини и да изградиме свет полн со можности и оптимизам.

За Штаермеркише Шпаркасе
Основана во 1825 година во Грац, Австрија, Штаермеркише Шпаркасе денес е водечка регионална банка во Штаерска и значаен финансиски партнер во Југоисточна Европа. Присутна во нашата држава преку Шпаркасе Банка АД Скопје од 2008 година, Групацијата е посветена на одржлив раст, локален развој и човечки вредности.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија