19 Декември, 2025
0.0542

Шпаркасе Банка го претстави новиот модел на банкомат кој овозможува најсовремени банкарски услуги

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2014 14:34

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка го претстави новиот модел на банкомат кој овозможува граѓаните да добијат голем број услуги кои ги добиваат и во една експозитура. Kлиентите на Банката преку новиот банкомат ќе можат да ги добијат следниве услуги: • Уплата на трансакциска сметка поврзана со дебитна картичка; • Уплата на долг по кредитна картичка на Шпаркасе Банка; • Уплата на дневен пазар на трансакциска сметка поврзана со бизнис дебитна картичка за правни лица; • Подигнување на готовина. Покрај овие услуги, новите банкомати ќе ја овозможат и услугата менување странска валута (ЕУР) во денари, за износи до 500,00 ЕУР. Банкоматот овозможува брза услуга 24 часа, како и реализација на налозите без провизија. ‘‘Со новиот модел на банкомати повторно ги ставаме нашите клиенти на прво место, овозможувајќи им разновидност на услуги на брз, едноставен и ефикасен начин без ограничување во било кое време. Банкоматот им заштедува време на граѓаните и го поедноставува процесот на добивање повеќе услуги одеднаш. Оваа можност ја постигнавме благодарение на одличната синергија на нашиот извонреден професионален тим и употребата на најсовремените банкарски технологии во нашето работење. Банкоматите на Шпаркасе Банка во земјава, не се единствените банкомати на кои нашите клиенти ќе можат да ги користат новите и напредни услуги, туку на располагање им се и повеќе од 14.000 банкомати на Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји од Југоисточна Европа на кои може да подигнат готовина без провизија со дебитна картичка‘‘, изјави Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка. Новиот банкомат овозможува уплатените средства да се искористат веднаш за извршување на плаќања преку системот за електронско банкарство, како уплата на рата за кредит, плаќање на режиски трошоци и други налози. Денеска Банката ја промовираше и софтверската апликација „S-Токen“, која служи за идентификација на корисникот преку мобилен телефон за најава и верификување на плаќањата во системот за електронско банкарство “NetBanking” за физички лица. Единствено што е потребно за користење на оваа услуга е еднократно инсталирање на апликацијата на Вашите “smartphone” мобилни телефони. При секое понатамошно користење на апликацијата не е потребен пристап на интернет ниту користење на дополнителни уреди, што овозможува лесна, едноставна и практична употреба. Услугите кои ги нуди новиот банкомат ќе бидат достапни во Централата на Банката, а до крајот на 2014г. ќе бидат поставени вкупно 6 банкомати од ваков тип. До крајот на 2018г. планирано е постоечката мрежа на банкомати на Банката да биде заменета со новите напредни банкомати. Банката најавува дека и во иднина ќе продолжи со надградување на своите услуги и ќе ги развива своите производи, се со цел да се имплементираат современите светски трендови и да се задоволат потребите на клиентите.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии